Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кривична пријава против полициски службеник за „проневера во служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“

by Уредник
04.07.2025
in Uncategorized
Кривична пријава против полициски службеник за „проневера во служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.С. на работно место самостоен криминалистички техничар во СВР Тетово- ОВР Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „проневера во служба“ по член 354 став 3 од КЗ и кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 став 2 од КЗ.

Пријавениот во временски период од јануари до април 2025 година, со намера да се стекне со значителна противправна имотна корист, присвоил 25.000 евра и златен накит, кои му биле доверени во службата, претходно одземени од лице при извршен претрес на дом и други простории при кое истражно дејствие пријавениот преземал полициски овластувања.

Одземените предмети биле оставени на чување во службен метален ормар во ПС ОН Гостивар. Парите и златниот накит ги присвоил така што незабележан од никого прво ги изнел парите од службените простории, а потоа во неколку наврати го изнел и златниот накит, кој го продал во златарница во Гостивар.

Пријавениот со цел да ги прикрие своите противправни дејствија, во просториите на ПС ОН Гостивар фингирал дека било извршено кривично дело тешка кражба на металниот ормар, во кој биле оставени одземените предмети, на начин што ја искршил бравата од ормарот и ги отстранил шипките од бравата, а една од хартиените вреќи во кои биле обезбедени предметите ја искинал, додека другата ја фрлил во контејнер.

Пријавениот е лишен од слобода, задржан во полициска станица и ќе биде изнесен пред суд. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки именуваниот да се отстрани од работното место- суспендира до завршување на дисциплинската постапка.

Next Post

Ѓорѓиевски: Демографските предизвици бараат реални решенија и координирана акција

Киев: Руските сили извршија напади со дронови произведени во Кина

Киев: Руските сили извршија напади со дронови произведени во Кина

Препорачани Вести

Барањето за референдум за еврото вратено од претседателката на бугарското Собрание

Барањето за референдум за еврото вратено од претседателката на бугарското Собрание

9 months ago

Германски пожарникари поминаа 3.000 километри за лично да ја донесат донацијата во Кочани

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.