Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Рекордни 20 милиони евра директна поддршка за македонскиот спорт, 500 стипендии за млади талентирани спортисти

by Уредник
04.07.2025
in Uncategorized
Рекордни 20 милиони евра директна поддршка за македонскиот спорт, 500 стипендии за млади талентирани спортисти

По седум години целосно запоставен, спортот се враќа во приоритетите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Не беше лесно да се санира целата штета и пустош кој СДС го оставија во македонскиот спорт, но со многу труд и посветена работа, за една година се поставија и почнаа да се градат темелите и во спортот.

За подобрување на условите за развој на спортот, Министерството за спорт отпочна и реализираше многу проекти, меѓу кои:

– Комплетно реконструирана спортска сала во Радовиш;

– Изградена нова атлетска патека во Гевгелија;

– Реконструирана спортска сала во Ново Село;

– Изградба на нова спортска сала во склоп на Воената Академија во општина Аеродром во Скопје;

– Реконструирани 15 мултифункционални игралишта во повеќе градови во државата.

– Отпочната комплетна реконструкција на спортската сала „Расадник“ во Скопје (реконструкцијата е во тек и треба да биде комплетно завршена во октомври годинава).

Со цел подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво и создавање услови секое дете да може да спортува и да има пристап до спортски содржини, фокусот се стави во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура.

Токму затоа, за една година изградени се 15 спортски центри низ цела Македонија, како во Кавадарци, спортски центар во Средното техничко училиште, во Неготино и Прилеп фудбалски терен и голема трибина.

Во Тетово се изгради спортски центар во Медицинското училиште „Никола Стеин“, две монтажни трибини со сертификат за меѓународни натпревари на игралиштето на ФК Тетекс, како и мултифункционално игралиште Ајдучко Маало.

Се градеше и во Брвеница, спортски центар со фудбалски терен, голема трибина и кошаркарско игралиште, во Кочани фудбалски терен и голема трибина, во Кратово фудбалски терен, голема трибина, одбојкарско игралиште и фитнес зона.

Спортски центар во склоп на поранешниот Дом на АРМ се изгради во Кичево, спортски центар со фудбалско, кошаркарско игралиште и фитнес зона во Свети Николе и во Пониква се реконструираше спортскиот комплекс во полициското одморалиште.

Додека во Скопје во Општина Гази Баба се изгради монтажна трибина со сертификат за меѓународни натпревари во склоп на Академијата Вардар, во Општина Центар фудбалски терен со трибина, кошаркарско игралиште, детско игралиште и фитнес зона, а во Општина Кисела Вода, повеќенаменски спортски терен со голема трибина.

Се откочи проектот за изградба на пет базени, од кои два во Скопје, во Кисела Вода и Ѓорче Петров, и по еден во Кичево, Битола и Штип кои во рок од 11 месеци ќе бидат завршени и до крајот на летото пуштени во употреба.

Директно од Владата беше поддржан македонскиот спорт со рекордни 20 милиони евра, средства кои беа исплатени директно на спортистите и на спортските субјекти.

Се доделија национални признанија на 22 врвни македонски спортисти од екипните спортови и 500 стипендии „Спортска надеж“ наменети за млади талентирани спортисти.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Next Post
Огромен пожар кај Варшава: 500 луѓе останаа без покрив над глава, уништени над 200 станови

Огромен пожар кај Варшава: 500 луѓе останаа без покрив над глава, уништени над 200 станови

САД распоредуваат 200 маринци на Флорида како поддршка за имиграциските служби

САД распоредуваат 200 маринци на Флорида како поддршка за имиграциските служби

Препорачани Вести

Подгответе се за пеколно време: Еве какви температури ја очекуваат Македонија овој викенд

Подгответе се за пеколно време: Еве какви температури ја очекуваат Македонија овој викенд

6 months ago

Апсење на Градскиот плоштад во Тетово – МВР со детали

3 weeks ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.