Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лекарите предупредуваат на ран симптом на остеопороза што често се занемарува

by Уредник
05.07.2025
in Uncategorized
Лекарите предупредуваат на ран симптом на остеопороза што често се занемарува

Остеопорозата е тивка и подмолна болест која обично останува незабележана сè додека не дојде до фрактура на коските – и токму затоа претставува сериозна закана, предупредуваат лекарите.

„Најголемиот проблем со остеопорозата е што не постојат доследни и рани симптоми кои можеме да ги следиме пред да се случи фрактура поради кршливост на коските. Затоа е клучно редовно да се следи состојбата на коските“, вели д-р Брајан Галагер, ортопедски хирург, за магазинот Parade.

Иако симптоми како што се намалување на телесната висина или промени во држењето се добро познати индикатори, експертите укажуваат и на еден ран знак што често останува незабележан – и се појавува токму во усната празнина.

„Повлекувањето на непцата може да биде еден од првите симптоми на остеопороза“, објаснува д-р Памела Мехта, ортопедски хирург и медицинска советничка.

Стоматологот д-р Картик Антани дополнува дека пациентите често мислат дека се работи само за проблем со непцата, но во реалноста тоа може да значи дека коската под нив се разградува. Бидејќи остеопорозата е болест на коските, таа директно го зголемува ризикот од парадонтоза – заболување на непцата што ја оштетува коската околу забите.

Оние кои еднаш доживеале фрактура предизвикана од остеопороза, имаат значително поголем ризик за повторна повреда, предупредуваат лекарите.

Меѓу другите рани симптоми што честопати се занемаруваат се и тешкотии при стискање на шаката, отворање шишиња или задржување предмети во рацете – што може да укажува на намалена густина на коските. Исто така, кршливите нокти можат да бидат знак на остеопороза, бидејќи и ноктите и коските содржат слични протеински врски.

Во некои случаи, дури и отежнатото дишење може да биде поврзано со компресија на пршлените, што го намалува капацитетот на белите дробови.

Добрата вест, според лекарите, е дека остеопорозата може да се спречи или барем да се забави нејзиниот развој. Д-р Бетси Батчер препорачува престанок со пушењето, умерена консумација на алкохол и редовна физичка активност, како што се пешачење, вежби за сила и баланс.

Внесот на доволно количество калциум и витамин Д преку исхрана или суплементи исто така е од суштинско значење. „Млечните производи со малку масти, зеленото лиснато зеленчук, рибата и збогатените производи се добри извори на калциум“, додава д-р Мехта.

На крајот, д-р Галагер нагласува дека раната дијагностика е клучна, особено кај постарите лица и оние со семејна историја на болеста.

„Луѓето кои еднаш претрпеле фрактура поради остеопороза имаат значително зголемен ризик за втора. Затоа е клучно да се интервенира навреме“, заклучува тој.

Next Post
[ФОТО] Ал Пачино снимен со 28-годишна новинарка во Рим: Разменуваа нежности за време на вечерата

[ФОТО] Ал Пачино снимен со 28-годишна новинарка во Рим: Разменуваа нежности за време на вечерата

Најлошо време за вклучување на машина за перење: Еве кога троши најмногу струја, а повеќето не знаат

Најлошо време за вклучување на машина за перење: Еве кога троши најмногу струја, а повеќето не знаат

Препорачани Вести

Голем пожар крај Црна Река во Битола

10 months ago

Вака изгледал првиот воз во Тетово (ФОТО)

1 month ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.