Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија дигитално се трансформира со нов закон за сајбер безбедност и 120 нови е-услуги

by Уредник
05.07.2025
in Uncategorized
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија дигитално се трансформира со нов закон за сајбер безбедност и 120 нови е-услуги

Македонија со прв Закон за сајбер безбедност и 120 нови е-услуги

Македонија прави значаен чекор кон дигитална трансформација – за првпат е донесен Закон за сајбер безбедност, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, новото законско решение претставува темел за заштита од современи дигитални закани и е дел од поширокиот напор за модернизација на јавната администрација.

„Воведени се 120 нови електронски услуги и воспоставено е признавање на електронските документи, што го олеснува пристапот на граѓаните до институциите,“ се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека дигитализацијата е еден од приоритетите на новата влада, со цел зголемена ефикасност, транспарентност и сигурност во институционалното работење.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно уназадена дигитализација. Наместо за седум години власт на СДС да ги унапредуваа дигиталните услуги, тие како да сакаа државата да ја вратат децении назад.

Но, за една година Влада, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи напорно во интерес на државата и граѓаните и почна да ги гради темелите за дигитална трансформација на Македонија.

Со цел помалку административни гужви, побрзи и полесни административни постапки за граѓаните, се воведоа нови 120 електронски услуги за граѓаните на националниот портал uslugi.gov.mk.

Најчесто користените услуги од институциите како потврда за неосудуваност, електронски извод од матична книга на родени, електронско уверение за државјанство, потврда за набавка на оружје, ги направивме целосно електронски достапни.

За ваквите електронски документи имаат иста важност како оригиналните издадени од институциите, се донесоа измени на Законот за електронски документи со што документи се признаваат за целосно валидни.

Отворени нови административни Центри за услуги (ЕТУ) за граѓаните во Аеродром, Јегуновце и Штип, во кои центри вработените од министерството им посредуваат на граѓаните при аплицирање и издавање на повеќе од 300 услуги од порталот.

Со отворањето на ваквите центри ги доближуваме административните услуги до граѓаните коишто не се во можност да користат интернет, да патуваат до централните единици на институциите, или немаат соодветно познавање за користење на електронски уреди.

За поголема безбедност и заштита на податоците се донесе Закон за Сајбер безбедност, со кој државата за прв пат добива закон за безбедност на мрежи и информациски системи.

Се донесе Закон за медиуми со што по повеќе од 12 години издавачите на онлајн медиуми- интернет-публикации се препознаени во закон.

Меѓу другото, се донесе и забраната за 226 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од пандемијата на игри на среќа, особено преку нелегалните игри на среќа кои се организираат преку онлајн платформи, истите претставуваат опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежни картички.

Во подготовка е владина Супер апликација (SupperApp) која треба да биде лансирана во октомври 2025 година, со помош на која во електронска форма, граѓаните ќе ги имаат своите лични карти и возачки дозволи, а Владата и министерствата добиваат заштитени и унифицирани веб страници.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија“, се вели во партиското соопштение.

Next Post
Состојба со пожарите во Македонија: 4 активни, 2 локализирани и 24 изгаснати пожари

Состојба со пожарите во Македонија: 4 активни, 2 локализирани и 24 изгаснати пожари

Наместо во затворот Шутка, во домашна удобност – судот одреди куќен притвор за возачот кој усмрти пешак и побегна

Наместо во затворот Шутка, во домашна удобност – судот одреди куќен притвор за возачот кој усмрти пешак и побегна

Препорачани Вести

Овие делови од Скопје утре ќе останат без струја

Овие места утре во Тетово и тетовско ќе бидат без струја

1 month ago

Сали: По заминувањето на Таравари, парламентарното мнозинство ќе брои 80 пратеници

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.