Денеска попладне, во 14:24 часот по локално време, во Мраморното Море е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот се наоѓал на околу 36 километри јужно од турскиот град Силиври и 47 километри југозападно од населбата Бујукчекмеџе, на западниот раб на Истанбул. Подземните потреси биле на длабочина од 12 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Властите апелираат на смиреност и внимателно следење на евентуални последователни потреси.








![[ФОТО] Има 62 години и се уште важи за една од најзгодните и најубави жени на Балканот: Лидија ги привлекува сите погледи](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-11-184058.png)

