Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје и да бидам градоначалник блиску до народот

by Уредник
06.07.2025
in Uncategorized

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека е подготвен целосно да му се посвети на главниот град и да ја врати надежта кај скопјани. Тој се заблагодари на партијата за укажаната доверба и порача дека ќе води теренска, а не салонска политика.

„Благодарен сум на мојата партија која ми ја укажа довербата да бидам кандидат за градоначалник на Град Скопје. Подготвен сум да го воскреснам Скопје, ќе останам близок со народот, а од мене не очекувајте да бидам салонски политичар. Ќе ме гледате на терен, ќе работам максимално посветено,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој потенцираше дека Скопје се соочува со сериозни проблеми, особено во делот на хигиената, сообраќајот и урбаното уредување, и дека тоа мора итно да се промени.

„Градот е прљав, има хаос со диви депонии, нема улица или маало без проблем со хигиената. Тоа ги мачи скопјани веќе неколку години. Нема голема разлика меѓу владеењето на Петре Шилегов и Данела Арсовска. Граѓаните очекуваат нова енергија и вистинска промена,“ рече Ѓорѓиевски.

Тој најави дека од утре почнува интензивна работа на кампањата, со јасни приоритети и фокус на решавање на горливите проблеми во градот.

Next Post

Ѓорѓиевски: Ќе го вратиме сјајот на Скопје – ова е заедничка мисија, не лична битка

Оваа студентка заработува околу 50.000 евра со најчудната професија досега – многумина го сметаат за бизарно, но милиони луѓе го обожаваат

Оваа студентка заработува околу 50.000 евра со најчудната професија досега - многумина го сметаат за бизарно, но милиони луѓе го обожаваат

Препорачани Вести

Девојка нападнала полицаец

9 months ago
Ова ќе биде најтешкиот предизвик и најголемиот проблем за Зеленски од почетокот на војната

Ова ќе биде најтешкиот предизвик и најголемиот проблем за Зеленски од почетокот на војната

9 months ago

Популарни Вести

  • Пратеничката Лозановска: Обезбедени средства за реконструкција на Ресурсниот центар и Студентскиот дом во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците во Албанија со тужба против Владата поради центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Скопје до Њујорк и назад: Успешната прилазна на Игор Илиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интерпол распиша црвена потерница по Меденица осуден на над 10 години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсени две лица турски државјани поради криумчарење мигранти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.