Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Полицијата не запира, се апсат пијани возачи: Уапсени шест лица за возење под дејство на алкохол

by Уредник
06.07.2025
in Uncategorized
Полицијата не запира, се апсат пијани возачи: Уапсени шест лица за возење под дејство на алкохол

Лишени од слобода шест возачи изминатата вечер за возење под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.07.2025) во рамки на тековните активности на полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи евидентирани се шест случаи на управување на возило под дејство на алкохол, односно шестмина возачи кои што се исклучени од сообраќај и против кои што ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ („безобѕирно управување со моторно возило“).

Така, вчера вечер околу 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници при сообраќајна контрола на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица го лишија од слобода И.И. (43) од село Косевица, кој управувал патничко моторно возило „Ауди“, без стекната возачка дозвола а под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.

Потоа денеска (06.07.) во 01.30 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од ПС за БПС Тетово, го лишиле од слобода Г.С. (42) од село Брвеница, кој што управувал патничко возило „Фолксваген Кади“ со измерени 2.05 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Во 00.35 часот во Стар Дојран, пак, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Ј.(40) од дојранското село Црничани, кој што управувал патничко возило „Фиат“ под дејство на алкохол, односно со измерени 2.45 промили алкохол во крвта.

Денеска во 00.45 часот и полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп го лишија од слобода Ж.П.(55) од Прилеп, кај кого при сообраќајна контрола, додека управувал со патничко моторно возило „Фиат“, биле констатирани односно измерени 1,62 промили алкохол во крвта.

Во 02.16 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.А. (19) од Виница кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,92 промили алкохол во крвта, а пак полициски службеници од СВР Куманово во 01,28 часот го лишија од слобода С.С. (29) од Куманово, кој што управувал возило марка „Ауди“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,57 промили алкохол во крвта.

Next Post
Подгответе се за невреме: Еве какво време ја очекува Македонија

Подгответе се за невреме: Еве какво време ја очекува Македонија

Семејна драма во Куманово: 21 годишник со остри предмети им се заканувал на своите родители

Семејна драма во Куманово: 21 годишник со остри предмети им се заканувал на своите родители

Препорачани Вести

Советникот на Трамп откри кој ќе биде следниот чекор на Зеленски

Советникот на Трамп откри кој ќе биде следниот чекор на Зеленски

11 months ago
УАКС тагува за студентката Ана: „Засекогаш ќе останеш дел од нашите срца и од нашата приказна“

УАКС тагува за студентката Ана: „Засекогаш ќе останеш дел од нашите срца и од нашата приказна“

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.