Connect with us

Економија

БРАКО ја шири еко револуцијата: Green Machines со мрежа низ 30 американски држави

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.

Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.

Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:

Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико

Industrial Disposal Supply – Тексас

Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија

United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД

Grainger – достапен низ целата територија на САД

Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон

Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова

Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.

Advertisement

Економија

МБИ10 со пад од 0,41%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 15 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,41%, спуштајќи се на 10.148,60 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 19,84 милиони денари, при што најголем дел од активноста беше концентриран околу акциите на Комерцијална банка и НЛБ Банка, кои придонесоа за повеќе од половина од вкупниот промет .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 11.456.050 денари

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 4.455.110 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 2.015.680 денари

Топ добитници

● Стопанска банка АД Битола (STBB) +11,71%

● ВВ Тиквеш АД Кавадарци (VVTK) +20,00%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,07%

Топ губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –1,19%

● Реплек АД Скопје (RPK) –0,93%

● Макстил АД Скопје (MST) –2,29%

Обврзнички пазар

Во текот на денот не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана стабилен на ниво од 129,44 поени, без промени во цените на обврзниците. Берзанската сесија на 15 декември 2025 година беше релативно мирна, со намалена ликвидност и ограничени ценовни промени. МБИ10 забележа пад од 0,41%, под влијание на негативните движења кај Алкалоид и НЛБ Банка, и покрај позитивното затворање на Комерцијална банка. Обврзничкиот пазар остана неактивен, а вкупниот дневен промет достигна 19,84 милиони денари, што ја одразува умерената инвеститорска активност на почетокот на неделата.

Continue Reading

Економија

Димитриеска-Кочоска: Трезорот работи, нема причина за паника

Трезорот функционира нормално и нема никакво затворање ниту стопирање на исплатите, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, реагирајќи на објавите дека Трезорот ќе се затвори на 15-ти во месецов поради наводен недостиг на приливи.

„Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање деновиве излезе од контрола. Посебно е неразбирливо кога вакви тврдења доаѓаат од опозицијата, која до вчера беше власт и многу добро знае како функционира Трезорот“, рече Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања.

Таа појасни дека станува збор за рок што им е даден на институциите да ги достават своите налози до трезорските канцеларии, а не за затворање на Трезорот. Рокот до 15-ти, како што истакна, е со цел подобра организација и навремена реализација на сите исплати до 31 декември.

Министерката потсети дека постои упатство според кое налозите во Трезорот стојат до 15 дена поради дополнителни проверки, како и даночен календар според кој даноците се собираат до 25-ти во месецот, што, според неа, целосно ја демантира тезата за затворање на Трезорот.

„Имаме приливи и ги планираме одливите. Пред почетокот на месецот се шпекулираше и дека пензиите нема да се исплатат навреме, а тие беа исплатени без доцнење. Сè што пристигнува во Трезорот како налог, се исплаќа навремено“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека и по 15-ти ќе се примаат налози, иако институциите се охрабруваат да ги достават навреме за полесна организација. Според неа, тврдењата дека Трезорот се затвора се крајно несериозни.

„Трезорот ќе работи до 31 декември, како и секоја година. Тоа е сектор кој често работи и до доцна навечер, со цел сите обврски да се сервисираат навреме“, истакна министерката.

Во врска со наводните доцнења на социјалните трансфери, Димитриеска-Кочоска рече дека во Трезорот нема неисплатени налози и дека евентуалните задоцнувања се резултат на постапките во ресорните институции.

„Станува збор за нови решенија кои чекаат да бидат внесени во систем. Во петокот беа извршени исплати од околу три милијарди денари, од кои 2,4 милијарди се блок-дотации за образование, вклучително и исплатата на К-15“, рече таа.

Министерката оцени дека Буџетот е во одлична кондиција и дека сите обврски ќе бидат сервисирани навреме, како и во претходните години.

„До 31 декември сè ќе биде јасно и видливо. Реализацијата ќе го покаже тоа“, порача Димитриеска-Кочоска.

Во однос на кратењето средства за ретки болести, таа истакна дека Министерството за финансии ги реализирало сите барања што ги доставиле институциите.

„Ние делиме лимити, а секоја институција самостојно одлучува како ќе ги распредели средствата и кои ќе бидат нејзините приоритети. Тоа е одлука на ресорните министри“, рече Димитриеска-Кочоска.

Continue Reading

Економија

Бислимоски: Јаглеродната такса може да го изолира Западен Балкан од европскиот пазар на струја

Доколку Европската Унија не отстапи од планот за воведување јаглеродна такса за земјите членки на Енергетската заедница, тргувањето со електрична енергија би можело да се сведе исклучиво на регионално ниво, меѓу држави што не се членки на ЕУ. На ова предупреди Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

На трибината „Центар за енергетска политика на Западен Балкан“, одржана во Приштина, Бислимоски истакна дека воведувањето на јаглеродната такса значително ќе ја зголеми крајната цена на електричната енергија на отворениот пазар, со што таа ќе ја изгуби конкурентноста во однос на струјата произведена во земјите членки на Унијата.

„Со имплементацијата на јаглеродната такса практично ќе се блокира интеграцијата на земјите од Западен Балкан со европскиот пазар. Нема реална можност производител од регионот да извезува електрична енергија во ЕУ и ќе останеме затворени во тесни регионални рамки“, изјави Бислимоски.

Тој потсети дека и покрај зголемените инвестиции во обновливи извори на енергија од почетокот на енергетската криза, производството од јаглен и натаму има доминантна улога, бидејќи обезбедува базна енергија неопходна за стабилноста на електроенергетските системи во регионот.

Од РКЕ нагласуваат дека земјите членки на Енергетската заедница континуирано спроведуваат значајни реформи во енергетскиот сектор.

„Кај нас се усвоени првиот, вториот и третиот енергетски пакет, а во тек е имплементацијата и на четвртиот. Берзите за електрична енергија веќе функционираат, се зајакнуваат меѓуграничните капацитети и се создаваат услови за спојување на пазарите, што е клучно за привлекување нови инвестиции“, посочи Бислимоски.

Тој додаде дека придобивките од енергетските реформи мора директно да ги почувствуваат граѓаните, нагласувајќи дека Европа треба да покаже поголема поддршка преку соодветни субвенции.

„Живееме во средина со сериозно загаден воздух и огромни трошоци за здравствениот систем. Потребни се мерки, но тие мора да бидат социјално праведни. Неопходно е целосно да се редизајнира финансиската помош за ранливите потрошувачи и да се подобрат условите за користење фотоволтаици кај домаќинствата“, изјави Бислимоски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг