Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија – без спомнување на македонскиот јазик и идентитет

by Уредник
09.07.2025
in Uncategorized
Жестоки напади од грчки и бугарски европратеници – негирање на македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денес го изгласа Извештајот за Северна Македонија за 2023 и 2024 година.

Ова е првиот извештај кој поминува на пленарна седница по пауза од две години. Но, документот предизвика бурни реакции – термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ се отстранети од текстот по усвојување на контроверзните амандмани 20, 21 и 22.

Амандманите беа заеднички поднесени од европратениците Халицки (ЕПП), Ван Бремпт (социјалдемократите) и Барна (либералите). По нивното усвојување, известувачот за Македонија, европратеникот Томас Вајц, со одобрување крена палец и ракоплескаше.

Од вкупно 28 дополнителни амандмани, Европарламентот прифати само шест. Меѓу прифатените се оние за транспортните коридори 8 и 10, како и амандман кој ја спомнува унгарската банка Ексимбанк – со забелешка дека се чини оти средствата доаѓаат од Кина.

По гласањето, Вајц оцени дека Северна Македонија е предводник во регионот, но дека е неправедно блокирана поради билатерални спорови. Тој обвини некои бугарски европратеници дека го „киднапирале“ извештајот за внатрешно-политички цели:

„Ги повикувам сите политички партии во Северна Македонија на конструктивен дијалог и постигнување консензус што ќе го зајакне мултиетничкиот карактер на земјата и ќе го забрза патот кон ЕУ. Жалам што некои бугарски пратеници го злоупотребија извештајот.“

Говор на омраза и провокации од бугарски и грчки пратеници

Синоќешната дебата во Стразбур беше жестока, со реторика обоена со говор на омраза. Бугарски европратеници повторно го оспорија македонскиот идентитет, тврдејќи дека Бугарија и Северна Македонија се „две држави и еден народ“. Грчката европратеничка Афродити Латинопулу отиде и чекор подалеку:

„Јас сум вистинска Македонка, горда Македонка – не лажна, како жителите на Скопје кои без срам тврдат дека се Македонци“, рече Латинопулу.

Бугарскиот пратеник Ивајло Валчев во својот настап го посочи поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски како „горд Бугарин“, кој, според него, се соочува со прогон во Македонија поради своето национално изјаснување. Неговиот колега Станислав Стојанов додаде:

„Во Бугарија и во Северна Македонија живее еден народ кој зборува еден јазик – бугарскиот. Европскиот парламент не смее да создава опасен преседан со признавање на јазици и идентитети.“

Јасен одговор од Словенија

Македонското прашање доби силна поддршка од европратеничката Ирена Јовева од Словенија, со македонско потекло. Таа во Стразбур се обрати и на македонски јазик:

„Идентитетот што преживеал со векови, нема да исчезне поради едно гласање или поради вашето лобирање. На македонскиот народ не му треба ваша дозвола за да постои. Вам ви треба чесност и интегритет за да го признаете тоа.“

Повици до Бугарија од европратеници

Известувачот за Албанија, Андреас Шидер, испрати директна порака до бугарските власти:

„Ги повикувам бугарските политичари да разберат дека интеграцијата на Северна Македонија не е само нејзин интерес, туку и интерес на самата Бугарија. Потребна е соработка, а не блокади.“

Во исто време, беа отфрлени амандманите на бугарските европратеници со кои се бараше внесување на Протоколот меѓу Скопје и Софија во извештајот, како и формулации како „современ македонски јазик“ или „влада на Република Северна Македонија“.

Next Post

Секторски пад: Макпетрол и НЛБ во минус, Раде Кончар единствен силен добитник

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Препорачани Вести

Мицкоски најави нова милионска инвестиција со над 200 вработувања

9 months ago

Драматично невреме во Италија и Словенија: Поплави, лизгање на земјиштето и исчезнати лица

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.