Connect with us

Македонија

Извештај за пожари на отворено на територија на Република Македонија: Регистрирани 31 пожар, активни 7 – еве каде гори во моментов

Центарот за управување со кризи информира дека заклучно со утрото на 9 јули 2025 година до 07:00 часот, во земјата се евидентирани вкупно 31 пожар на отворен простор.

Од нив:

Активни: 7

Локализирани: 2

Изгаснати: 22

Под контрола: нема

Активни пожари (7):

Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатино (деградирана дабова шума и грмушки)

Општина Македонски Брод – село Самоково (лесно запалив материјал)

Општина Чашка – под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад во карпест дел, шумски пожар)

Општина Чучер Сандево – помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација)

Општина Бутел – село Лубанци (ниска вегетација)

Општина Дојран – село Николич (нискостеблеста шума)

Општина Кавадарци – село Крушевица (ниска вегетација)

Локализирани пожари (2):

Општина Делчево – градска депонија

Општина Македонски Брод – село Рамне (шумски пожар)

Изгаснати пожари (22):

Општина Чучер Сандево – кај црквата Св. Недела (ниска вегетација)

Општина Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија)

Општина Гази Баба – парк-шумата „Гази Баба“ (ниска вегетација)

Општина Пробиштип – село Петршино (ниска вегетација и стрниште)

Општина Бутел – село Визбегово (ѓубре)

Општина Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација)

Општина Росоман – село Сирково (ниска вегетација)

Општина Липково – село Никуштак (ниска вегетација)

Општина Бутел – село Лубанци (ниска вегетација, нива и дрва)

Општина Прилеп – село Бешиште (приземен пожар во мешана шума)

Општина Чешиново-Облешево – село Уларци (ниска вегетација)

Општина Штип – село Врсаково (жито)

Општина Штип – село Лакавица (ниска вегетација)

Општина Желино – село Ларце (ниска вегетација и грмушки)

Општина Струга – од село Ливада кон село Волино, Охрид (жито и ниска вегетација)

Општина Гостивар – автопат Гостивар – Тетово (ниска вегетација)

Општина Гостивар – излез од Гостивар кон Стража (ниска вегетација)

Општина Чучер Сандево – Кучевишка бара (ниска вегетација)

Општина Кисела Вода – место викано Пеленица (ниска вегетација)

Општина Ѓорче Петров – улица Скупи кај Канал 5 (ѓубре)

Општина Арачиново – село Грушино (ниска вегетација и ѓубре)

Општина Чучер Сандево – стариот пат за Качаник (ниска вегетација)

Центарот апелира до граѓаните на внимателно однесување во природа, особено за време на високите температури, и потсетува дека сите пожари треба веднаш да се пријавуваат на телефонскиот број 112.

Advertisement

Македонија

Безбедноста на новогодишните пакетчиња проверена – резултатите во АХВ охрабрувачки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни инспекции на детските новогодишни пакетчиња и откри само минимални неправилности. Вкупно беа извршени 262 контроли во магацини за пакување, маркети и продавници кои нудат овој вид производи.

Проблеми беа утврдени кај неколку оператори поради несовпаѓање на роковите на збирните декларации со роковите на поединечните производи, како и некомплетни декларации. Во такви случаи, инспекциските служби издале четири решенија за повлекување на пакетчињата од промет, додека двајца оператори добиле решенија за поставување на исправни збирни декларации на производите.

Според АХВ, ситуацијата годинава е значително подобрена во споредба со лани, кога инспекциите открија несоодветно означување на пакетчињата, производи со поминат рок на употреба и краток рок на трајност, како и производи со променети органолептички својства. Оваа година, пак, недоследностите се сведени на минимални и не претставуваат ризик за здравјето на децата.

Агенцијата најавува дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се обезбеди безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Магла и блокади: Сообраќајот на регионалниот пат Берово–Струмица целосно запрен поради најавен собир

АМСМ известува дека поради појава на магла, видливоста на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија е намалена на само 50 до 60 метри. Возачите се предупредуваат да возат со зголемено внимание и да ги прилагодат брзината на условите на патот.

Жителите на село Двориште најавија јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на местото познато како „Студенец“, утре, на 19.12.2025 година во 10.00 часот. Се очекува патот да биде целосно блокиран, па возачите кои патуваат по правецот Струмица – Берово се советуваат да користат алтернативни патни правци.

На државните патишта се вози непречено, со релативно посуви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, што овозможува непречено движење за патниците.

Continue Reading

Македонија

Синоќа воздухот во Македонија достигна критично загадено ниво

Минатата ноќ воздухот во повеќето македонски градови беше критично загаден, а мерните станици регистрираа концентрации на ПМ-честички кои алармираат за сериозна опасност по здравјето. Особено алармантни се ПМ2,5 честичките, кои според стручњаците не смее да се вдишуваат подолго време.

Според податоците на AQIcn.org, најзагадената точка во земјава околу 22 часот била во Струмица, точно во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“. Таму AQI-индексот, кој ги комбинира сите клучни загадувачи, скокнал до 339 – ниво кое се смета за „опасно“ дури и за сосема здрави луѓе.

Не многу подобро било ниту во другите градови. Кичево, Скопје и Гостивар забележале AQI вредности помеѓу 200 и 300, што е доволно за предупредување дека престојот на отворено е ризичен. Во Скопје, најкритични биле Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром, каде индексот се искачил на околу 250.

Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат физички активности на отворено додека воздухот не се стабилизира.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг