Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Коњановски: Битола добива современ булеварски влез, безбедноста е приоритет

by Уредник
09.07.2025
in Uncategorized

Битола конечно започна со реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти – изградба на современ булеварски влез од страната на Скопје и Прилеп, кој долги години беше предмет на критики поради небезбедност, недоволна осветленост и нефункционалност.

Проектот, кој е во реализација од јули минатата година, моментално е завршен една третина од првата фаза, опфаќајќи првични 800 метри. Новиот влез ќе вклучува проширен коловоз, велосипедски и пешачки патеки од двете страни, зеленило и дрвореди, како и соодветен разделник помеѓу сообраќајните ленти.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, потенцира дека проектот е изработен во согласност со важечката урбанистичка документација и законските прописи, и дека се преземени сите потребни постапки, вклучувајќи експропријација на дел од трасата која била во приватна сопственост.

– Се водиме од стручни анализи и урбанистички параметри, со јасна цел – трајно, безбедно и функционално решение за сите граѓани на Битола и за гостите на нашиот град, рече Коњановски.

Иако дел од жителите и бизнисите во близина на трасата изразија загриженост и незадоволство, особено поради пристапот до нивните објекти, градоначалникот вели дека Општината останува отворена за комуникација и изнаоѓање решенија во законски рамки.

– Безбедноста не смее да биде заложник на бесправно изградени објекти. Ќе ги разгледаме сите предлози, но ќе се држиме до законот и урбанистичкиот план, нагласи тој.

Со реализацијата на овој проект, Битола не само што добива модерен и безбеден влез, туку испраќа и јасна порака дека градот се менува со визија и план.

Next Post

ВЛЕН ја менува сликата: ДУИ ја запостави заштитата од пожари, ние вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем

Жестоки напади од грчки и бугарски европратеници – негирање на македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент

Жестоки напади од грчки и бугарски европратеници – негирање на македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент

Препорачани Вести

Мицкоски најави нова милионска инвестиција со над 200 вработувања

9 months ago

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски претстави еко-дигитална кампања за Скопје

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.