Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Словенечката европратеничка до колегите: „За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола“

by Уредник
09.07.2025
in Uncategorized
Словенечката европратеничка до колегите: „За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола“

Во пресрет на гласањето за извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, бугарски европратеници, поддржани и од грчки колеги, инсистираат на отстранување на поимите „македонски јазик“ и „идентитет“ од документот, тврдејќи дека такви термини не припаѓаат во извештај за европско приближување.

Европратеникот Андреј Ковачев од ГЕРБ изрази изненаденост од, како што рече, „огромната дипломатска и финансиска енергија“ со која Скопје се обидува да протурка дефиниции кои, според него, се надвор од мандатот на ЕУ:

„Ние не сме Институт по историја или Академија на науките, за да признаваме или не признаваме лингвистички јазици или идентитети“, изјави Ковачев.

Во Стразбур беше присутен и Љупчо Георгиевски, претседател на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, условно осуден во Македонија. Ковачев тврди дека неговото присуство имало за цел да ги информира европратениците за наводна „судска репресија“ врз македонските Бугари.

Бугарскиот европратеник Петар Волгин од „Преродба“ ги обвини еврокомесарите и известувачот за земјава дека „си ги затвораат очите“ пред, според него, „очигледни прекршувања од страна на Скопје“, само за земјата побрзо да влезе во ЕУ.

На тоа реагираше словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева, која на македонски им порача:

„За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас за да го признаете тоа ви треба чесност, интегритет, храброст.“

Известувачот Томас Вајц потсети дека Македонија некогаш беше лидер во евроинтеграциите, но билатералните спорови ја забавија. Тој порача дека добрососедските односи мора да се градат од обете страни.

Next Post
Пописот од 2023 година: Муслиманите повеќе не се мнозинство кај Албанците, историска промена во религиозната структура

Пописот од 2023 година: Муслиманите повеќе не се мнозинство кај Албанците, историска промена во религиозната структура

Едно лице повредено во пожарот во Визбегово, приведен е сопственикот на отпадот – откриена и причината за експлозиите

Едно лице повредено во пожарот во Визбегово, приведен е сопственикот на отпадот - откриена и причината за експлозиите

Препорачани Вести

Десет пожари на отворено до пладне на територија на Република Македонија, пет сè уште активни

Денес на територија на Република Македонија регистрирани вкупно 37 пожари – пет активни, еве каде најмногу гори

6 months ago
Расте бројот на загинати во САД како последица од невремето, ризикот од торнада и поплави се уште постои

Расте бројот на загинати во САД како последица од невремето, ризикот од торнада и поплави се уште постои

10 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.