Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Жестоки напади од грчки и бугарски европратеници – негирање на македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент

by Уредник
09.07.2025
in Uncategorized
Жестоки напади од грчки и бугарски европратеници – негирање на македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент

Расправата за најновиот извештај на европратеникот Томас Вајц за напредокот на Македонија кон Европската Унија предизвика остри и често навредливи реакции од дел од грчките и бугарските европарламентарци, отворајќи ново политичко дно во Брисел.

Најконтроверзен настап имаше грчка европратенка која, во манир на политички митинг, изјави дека таа е „вистинска горда Македонка“, но според неа, македонскиот јазик е само бугарски дијалект, а македонскиот идентитет – „фабрикувана историја“. Таа го нарече договорот на Алексис Ципрас „национална капитулација“ и истакна дека „Македонија е грчка“, негирајќи го постоењето на македонскиот идентитет.

Во расправата се истакнаа и неколку бугарски европратеници од десничарски партии, кои со жестоки изјави го нападнаа македонското прашање. Петар Волгин од крајно десничарската „Обнова“ обвини дека во Македонија не се санкционираат напади врз граѓани кои се изјаснуваат како Бугари и дека земјата не ги исполнува условите за почеток на преговори.

Ивајло Валчев од партијата „Има таков народ“ се пожали дека во Македонија се казнува изразување на бугарскиот идентитет и повика властите во Скопје да се дистанцираат од, како што рече, „господарот во Белград“. „Мицкоски ве лаже“, изјави Валчев, алудирајќи на тоа дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет.

Станислав Стојанов од партијата „Вазраждане“ дури отиде чекор подалеку, тврдејќи дека „народот во Северна Македонија зборува само еден јазик – бугарски, бидејќи сме еден народ“.

Андреј Ковачев од ГЕРБ оцени дека македонските политичари со национализам го саботираат процесот на евроинтеграција и ги повика да продолжат со преговорите што е можно побрзо.

Спротивно на овие ставови, дел од европратениците – вклучително и самиот автор на извештајот, Томас Вајц – се изјаснија во поддршка на македонската перспектива. Вајц го нарече извештајот „сеопфатен и балансиран“, додавајќи дека ја разбира фрустрацијата на македонските граѓани поради долгогодишното чекање. Тој побара Европската Унија да воспостави јасна и недвосмислена патека за членство без дополнителни условувања и истакна дека Европскиот парламент го признава и го почитува постоењето на македонскиот јазик и идентитет.

Друг европратеник појасни дека Европскиот парламент не е институција која утврдува национални јазици и идентитети, сугерирајќи зошто дел од пратениците бараат отстранување на овие термини од резолуцијата што ќе се гласа утре.

Next Post
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Подгответе се за најголемиот температурен шок досега: Еве какви температури ја очекуваат Македонија

Подгответе се за најголемиот температурен шок досега: Еве какви температури ја очекуваат Македонија

Препорачани Вести

Верижен судир со 45 возила поради снежна бура во САД [ВИДЕО]

Верижен судир со 45 возила поради снежна бура во САД [ВИДЕО]

2 months ago
Дете изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши – од Гостивар пренесено во Скопје

Рудар од Пробиштип и работничка од Пехчево повредени на работните места

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.