Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски од Куманово најави милијарда евра инвестиции во енергетиката и ветерен парк вреден 450 милиони

by Уредник
10.07.2025
in Uncategorized
Мицкоски од Куманово најави милијарда евра инвестиции во енергетиката и ветерен парк вреден 450 милиони

Значајни енергетски иницијативи беа презентирани на синоќешната јавна дебата на градскиот плоштад во Куманово, насловена „Од енергетска стабилност до силна економија“, на која се обрати претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од Куманово, Мицкоски објави дека на последната владина седница е официјализиран Меморандумот за соработка со турската компанија „Казанџи груп“, позната по својот глобален ангажман во енергетскиот сектор.

„Драги пријатели, кога станува збор за енергетиката сакам денес оттука од Куманово да соопштам една добра вест за целата држава.

Вчера на седница на влада се официјализираше меморандум за соработка со компанијата ‘Казанџи груп’ којашто е светски гигант во енергетиката и е заинтересирана за инвестиции од една милијарда. На ова му претходеа бројни средби со ‘Казанчи Холдинг’, која со своите енергетски компании што работат под брендот ‘АКСА’“, изјави Мицкоски.

Тој ја опиша компанијата како водечки турски инвеститор со повеќе од 25 години искуство, присутен во 22 држави на четири континенти, со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум земји.

„Со нив имаме план за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Сето ова е зафат димензиониран на инвестиција од над една милијарда евра.

Градењето на когенеративни гасни централи, се единственото трајно решение за загадениот воздух. Сè друго би значело ставање на проблемот под тепих. Со ова покажуваме дека мислиме и работиме за иднината на нашата држава“, додаде Мицкоски.

Осврнувајќи се на обновливите извори на енергија, премиерот најави нова инвестиција:

„Обезбедена е инвестиција за ветерниот парк вредна 450 милиони евра, кој ќе се гради во Карбинци, Штип и Радовиш, без посебни закони или гарантиран откуп, туку инвеститор кој ќе вложи 450 милиони евра, а државата ќе оствари за 100 милиони евра поголем приход во БДП, што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на електрична енергија и да ја направи земјава енергетски стабилна.“

Тој потсети дека во изминатата година е донесен нов Закон за енергетика кој воведе ред во експлоатацијата на минерални суровини и ги зголеми таксите за 100 проценти.

„Усвоена е програма за заштита на ранливите потрошувачи за 2025 година, со финансиска поддршка за потрошена електрична енергија.

Владата успеа да вгради два свои гасни проекти со соседна Грција и Србија кои беа поддржани од страна на Европската Комисија. Денес токму започна со градба гасниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра“, додаде тој.

Мицкоски информираше и дека е пуштен во работа новиот трансформатор 400/110 kV во ТС Битола 2, со што ќе се зајакне сигурноста на снабдувањето со електрична енергија во регионот на Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, особено во зимските месеци. Исто така, се очекува непречено производство во РЕК Битола.

„Очекуваме инвестиции со кои државата ќе стане енергетски независна“, рече премиерот.

Во обраќањето до граѓаните на Куманово, Мицкоски ја оцени изминатата година како тешка, соочена со наследени проблеми, но и како период во кој се поставиле темелите за развој.

„Седум години немало правда, развој, државата се движела во негативна насока. Сега е дојдено време за праведност, за враќање на достоинството на граѓаните и време ‘Македонија да биде повторно твоја’.

Македонија ќе оди напред по години на разочарување, секој град ќе биде полн со можности, а младите луѓе со надеж. Ние не ветуваме утопија. Ние ветуваме труд, работа и чесност. Повторно се градат институциите, законот важи за сите, почнати се реформи, намалена е инфлацијата, се преземаат мерки и проекти за враќање на довербата во системот, се инвестира во инфраструктура, здравство, образование“, изјави Мицкоски.

На трибината зборуваа и министерката за енергетика, министерката за рударство и минерални суровини, како и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, кој истакна дека новото раководство ја вратило функционалноста на институцијата и испорачало конкретни резултати.

Пратеникот Бране Петрушевски наведе дека енергетиката во минатото се поврзувала со криминал, но сега, преку донесени закони, се создава основа за економска стабилност.

Директорот на ЕСМ, Лазар Узунчев, потенцираше дека претходно состојбата во компанијата била катастрофална, но дека сега таа е на пат кон стабилизација.

Next Post
Втора ноќ по ред масовен руски напад врз Украина – Киев под најсилен удар

Втора ноќ по ред масовен руски напад врз Украина – Киев под најсилен удар

Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Препорачани Вести

Македонските младинци ги почнаа подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора

Македонските младинци ги почнаа подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора

3 months ago

34-годишник извршил обљуба врз 25-годишна девојка во Дојран

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.