Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Приведени се неколку лица за подметнување на пожарите – се бориме со огнената стихија

by Уредник
10.07.2025
in Uncategorized
Мицкоски: Приведени се неколку лица за подметнување на пожарите – се бориме со огнената стихија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на сомнежите дека пожарите се подметнати и обвинувањата од страна на опозицијата за неажурност во справувањето со истите изјави:

„Не само што се сомневаме, туку имаме и докази. Имаме и приведени лица коишто тоа го правеа, посебно на територијата на Скопје, на Градот Скопје. Затоа што пожарот, да речеме, последниот којшто вчера се случи во близина на Смилковското езеро, беше навечер, после девет часот и тоа што го најдовме таму, но и три лица коишто потоа беа обезбедени, укажуваат на тоа дека постои основано сомневање за координирана и добро осмислена акција, посебно во Скопје.

Но, она што мене ме прави задоволен е што за помалку од 24 часа и покрај исклучително тешките услови, температура помеѓу 35 и 40 степани, проследено со силен ветер, помеѓу 80, а на моменти и над 100 километри на час, тоа значи брзо распламтување на истиот, успеавме сето тоа да го ставиме под контрола.

Добив информација денес пред 10 часот беше дека само е во моментот активен пожарот во Дојран, на планината горе, значи нема опасност за населените места. Друго сѐ е ставено под контрола. Ќе видиме како ќе биде во текот на денот и во текот на летото.

Она што можам да го кажам е дека специјалните возила коишто беа преадаптирани, во текот на вчерашниот ден, дејствувавме со 9 Пинцгауери, еден Хермелин и 2 БТР-а и тие истурија околу 300 тона вода. Тоа е како полициските и армиските хеликоптери да направат 75 прелети тој ден, што е невозможно.

Очекувам по техничкиот прием, деновиве да бидат вклучени сите, така што сметам дека драматично ќе биде подобрена расположливата механизација, би рекол, и специјални возила, да се справиме со овие непогоди во периодот којшто следи. А најмалку којшто има кредибилитет да зборува во оваа работа е опозицијата и јас би рекол, оние политички лешинари коишто орбитрираат во периметарот на опозицијата.“

Next Post
Хрватска воведува задолжителен воен рок од почетокот на следната година

Хрватска воведува задолжителен воен рок од почетокот на следната година

Купил складиште за 1.600, па заработи речиси 70.000 евра: Погледнете што пронајде во напуштениот склад

Купил складиште за 1.600, па заработи речиси 70.000 евра: Погледнете што пронајде во напуштениот склад

Препорачани Вести

Скопјанец влегол во домот на негов должник, го тепал со тврд предмет и го киднапирал

11 months ago
Европа се подготвува за војна? Пет европски држави за повлекуваат од важен договор

Европа се подготвува за војна? Пет европски држави за повлекуваат од важен договор

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.