Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Орце Ѓорѓиевски во посета на Аеродром: Средба со просветни работници и фокус на јавниот превоз и безбедноста на учениците

by Уредник
10.07.2025
in Uncategorized

Денес, во Општина Аеродром се одржа срдечна и продуктивна средба помеѓу Орце Ѓорѓиевски, сегашниот и иден градоначалник Дејан Митески, како и пратеничката Катерина Димитровска, со наставници и претставници од образовните институции.

Главна тема на дискусијата беа актуелните проблеми со кои се соочуваат наставниците и учениците, особено во делот на јавниот превоз. Според Ѓорѓиевски, недостигот од автобуси и честите дефекти кои предизвикуваат доцнење на превозот значително ја отежнуваат редовната посета на наставата. Тој најави дека со поддршка од Владата, овие проблеми ќе станат минато.

„Јавниот превоз и хигиената се двата столба на кои сме фокусирани – зашто сега се длабоко разнишани, а се клучни за функционирањето на градот“, истакна Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше и за унапредување на соработката помеѓу основните и средните училишта, како и за потребата од сообраќајни решенија кои ќе ја зголемат безбедноста на учениците при нивното секојдневно патување.

Орце Ѓорѓиевски нагласи дека ваквите средби се исклучително важни: „Само преку искрена комуникација и заедничка работа можеме да изградиме подобар, побезбеден и пофункционален град за сите. Скопје повторно ќе биде горд град!“

 

Next Post
Од НБА паркетот до затворска ќелија: Бен Меклемор осуден на осум години затвор за сексуален напад врз девојка под дејство на алкохол

Од НБА паркетот до затворска ќелија: Бен Меклемор осуден на осум години затвор за сексуален напад врз девојка под дејство на алкохол

Крај на една ера: „Exit“ фестивалот се сели од Нови Сад – следната година пред пирамидите во Египет

Крај на една ера: „Exit“ фестивалот се сели од Нови Сад – следната година пред пирамидите во Египет

Препорачани Вести

ОДБЕЛЕЖАНИ 82 ГОДИНИ ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ

11 months ago

Блумберг Адрија: Германската економија се намали повеќе од очекуваното

5 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.