Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни, започната е проценка на штетата

by Уредник
10.07.2025
in Uncategorized

 Скопје, 10 јули 2025 – Пожарот во општина Чучер-Сандево вчера ги зафати и просториите на „Фриком“. Изгоре магацинот на „Фриком“,  кој како дистрибутивен центар, ја снабдува цела Македонија. Благодарение на брзата реакција на службите и компанијата нема настрадани, сите вработени се на безбедно.

„Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гаснењето на пожарот не е повреден. Нашите тимови веќе работат на проценка на состојбата и реорганизирање на деловните планови, за да можеме што поскоро да обезбедиме непречена дистрибуција и да се вратиме на секојдневните работни рутини. Неизмерно сме благодарени на сите вработени кои веднаш покажаа неверојатна подготвеност да се прилагодат на ситуацијата.“ изјавија од „Фриком“.

„Во овие тешки моменти, не смееме да заборавиме дека не сме единствените. Стотици семејства, претпријатија и заедници низ државата се соочуваат со последици од огнените стихии. Нашите мисли се со сите погодени и наша обврската како компанија, и пред сè како луѓе, е да покажеме солидарност и разбирање.“, додаваат од компанијата.

„Фриком“ веќе формираше кризен тим кој утрово ја направи првата проценка на штетата. Во меѓувреме, испораките и активностите се привремено прекинати, а клиентите ќе бидат навремено информирани за следните чекори. Се работи на брзо воспоставување непречена дистрибуција. 

Next Post
Најлошите вести за украинскиот народ: Русија напредува на три фронта, украинските одбранбени линии попуштаат на сите страни

Најлошите вести за украинскиот народ: Русија напредува на три фронта, украинските одбранбени линии попуштаат на сите страни

Исчезнатата малолетничка од Србија пронајдена во Велес: Дошла да се мажи за малолетник од Велес

Исчезнатата малолетничка од Србија пронајдена во Велес: Дошла да се мажи за малолетник од Велес

Препорачани Вести

Путин и Трамп ќе се сретнат на 15 август во Алјаска

6 months ago

Интензивирани градежните  работи на автопатот Тетово–Гостивар, Николоски најавува забрзана динамика

2 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.