Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски од Сарај: Скопје е на сите нас, завршија поделбите и почнува работата

by Уредник
11.07.2025
in Uncategorized

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го посети Сарај и населените места Рашче и Љубин, каде беше придружуван од советникот во Град Скопје Мартин Стојановски и д-р Ристо Симеонов. Во рамки на посетата, Ѓорѓиевски оствари средби со жителите од различни етнички заедници, потенцирајќи дека Скопје им припаѓа на сите.

„Ја побарав поддршката од сите – и од Македонци, и од Албанци, Бошњаци, Власи, Роми… затоа што Скопје е на сите нас! Проблемите се заеднички – и во Драчево, и во Рашче“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека граѓаните не добиваат ни минимум од тоа што им припаѓа и вети целосна теренска посветеност, транспарентност и работа во интерес на сите жители, без разлика каде живеат.

„Јас не работам од канцеларија. Јас сум секогаш на терен, со луѓето. Ќе одам во секое населено место, ќе се сретнам со сите – лице в лице. Нема празни ветувања, туку работа и одговорност“, порача Ѓорѓиевски.

Тој најави дека програмата за Скопје ќе се креира заедно со граѓаните, преку отворен дијалог и директни средби. Проблемите со доцнењето на автобусите, лошата состојба на улиците и недостигот од хигиена, како што рече, ќе бидат решени во наредните четири години.

„Скопје конечно ќе биде град каков што заслужуваме. Завршија поделбите и лагите – време е за работа“, заклучи Ѓорѓиевски.

Next Post
Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за сабота - 12 јули: Неочекувана финансиска добивка за еден хороскопски знак

Американски генерал испрати предупредување до Европа: “Русија е посилна од кога било”

Американски генерал испрати предупредување до Европа: "Русија е посилна од кога било"

Препорачани Вести

Владимир Путин ги доби можеби најлошите вести од почетокот на “специјалната воена операција” во Украина

Владимир Путин ги доби можеби најлошите вести од почетокот на “специјалната воена операција” во Украина

9 months ago

На бројни плажи во Европа почнаа да се појавуваат мистериозни „Нептунови топки“: Научниците се изненадени

4 months ago

Популарни Вести

  • Гренланд: Голем протест во Нуук против плановите на Трамп за преземање од САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сериозна сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон: Царинските закани на Трамп се неприфатливи, Европа ќе одговори обединето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Перник празнува: Колоритни костими и стотици учесници на дефилеата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 90,5 милиони денари, стабилен обврзнички пазар без поголеми промени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.