Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Љутков најави мерки против странски водичи што ја раскажуваат македонската историја

by Уредник
11.07.2025
in Uncategorized
Љутков најави мерки против странски водичи што ја раскажуваат македонската историја

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, најави дека ќе се преземат конкретни чекори за спречување на странски туристички водичи да ја интерпретираат македонската историја и култура на свој начин. На седница во Министерството, беше формирана работна група со претставници од туристичкиот сектор, стручни институции и асоцијации на водичи, која ќе понуди решенија за долгогодишните проблеми во дејноста.

„Акцентиравме проблеми кои се резултат на слабости во регулативата поради кои професијата туристички водич не е на нивото кое го заслужува. Овие слабости овозможуваат водичи од различни држави да ги презентираат културните добра гледани низ нивните наочари. Одлучивме да ги отстраниме овие слабости и да ги заштитиме домашните туристички водичи“, изјави Љутков.

На средбата беа истакнати и клучни барања за подобрување на условите за работа, стандардизација на дејноста и унапредување на туристичката понуда. Министерството работи на поставување повисоки стандарди за едукација на водичи, основање туристичка инспекција со широки надлежности и усогласување на законската регулатива со цел заштита на професијата и спречување на искривување на македонската историја и култура.

Next Post
Наставничка во беровско физички нападнала ученик – заработи кривична пријава за „малтретирање во вршење на службата“

Наставничка во беровско физички нападнала ученик - заработи кривична пријава за „малтретирање во вршење на службата“

Скопјанка поради еден повик изгуби 90.000 денари – внимавајте на оваа измама

Скопјанка поради еден повик изгуби 90.000 денари - внимавајте на оваа измама

Препорачани Вести

Вербална расправија завршила со физички напад во Тетово – Ова се деталите

3 weeks ago

Заталкан куршум заврши во автомобил

1 year ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.