Connect with us

Република

Битола започнува постапка за физибилити студија за изградба на гондола од Дихово до врв Пелистер

bitola

Со оглед на привлечноста на Македонија како туристичката дестинација и зголемувањето на посетителите во последните години, општина Битолa бара алтернативи за проширување на својата туристичката понуда. Oбластите на изработка на студија за оваа развојна шема се: врвот Пелистер, постоечките ски центри на Пелистер и развој на Баба Планина како дестинација за сите 4 сезони.

Содржината на физибилити студијата опфаќа: Мапирање на проектот, со анализа на различни можности/решенија, Идентификување на потенцијални летни и зимски активности во областа, Анализа на предности/недостатоци, Планирање и усогласувањето на жичарниците за да се опфатат сите патеки на скијачкиот центар (стратегија за проток и врски), Опис на опремата на жичарниците (технологија, капацитет, перформанси…) во согласност со потенцијалот за развој на зимските и летните активности, Изработка на цртежи на инфраструктурата на жичарницата (станици, кули, …), вклучувајќи проект на линија (профил на линија) и пресметковна белешка, Проценка на потребите за енергија на секоја локација, Техничка спецификација за изградба на жичари, Истражување за лавини, Пристап кон бизнис план, особено за трошоците за работа на лифтот, Оправданоста на изводливоста на предложената инфраструктура да биде изработена со софтверска програма за линијата на жичарата, Можности што ќе бидат промовирани од проектот.

Конечната испорака мора да се заврши во рок од 6 месеци од потпишувањето на договор за извршување на услугата.

Деталите и критерииумите за избор на понудувач за изработка на физибилити студија за гондола, достапни се на електронскиот систем за јавни набавки на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/6f8f2503-8b44-46ff-83ce-1dc5738607c3/14.

Advertisement

Република

Бојкоски: Дополнителни 7 милиони денари поддршка за РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер.

„Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени во координација со градоначалникот и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Од вкупната сума, 3.000.000 денари се предвидени како награда за освоената шампионска титула во македонската ракометна лига. Според Бојкоски, целта на дополнителната поддршка е зголемување на конкурентноста на клубот, задржување на шампионската титула во Битола и носење радост и спортска гордост за граѓаните.

Continue Reading

Република

Коњановски: Преку танц младите испраќаат силна порака против врсничкото и дигиталното насилство

Во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола денеска се одржа меѓуучилишен танцов натпревар „Танц против насилство“, посветен на подигнување на свеста за врсничкото и дигиталното насилство меѓу младите.

Настанот беше организиран со цел промоција на ненасилна комуникација, почит, солидарност и позитивни вредности, при што учениците преку танц, емоција и креативен израз испратија јасна порака дека насилството не смее да биде прифатено.

На настанот учествуваа седум основни училишта од Битола со вкупно 49 ученици, кои преку кореографиите ја пренесоа својата визија за свет без насилство. Поддршката за реализација ја даде Општина Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола и образовните институции.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека ваквите иницијативи се исклучително важни за создавање безбедна и здрава средина за најмладите.

„Ова не е само танцов или музички натпревар, туку силна порака дека како заедница сме против насилството, особено меѓуврсничкото и дигиталното насилство кое нè загрижува сите. Радува фактот што училиштата ја прифатија оваа иницијатива и што младите покажаа дека имаат свест и храброст да зборуваат против булингот“, порача Коњановски.

Организаторката и иницијаторка на настанот, Фатма Бајрам Аземовска од здружението „Сумнал“, нагласи дека „Танц против насилство“ е глас на младите кои преку уметноста повикуваат на почит, прифаќање и разбирање.

Во натпреварувачкиот дел учество зедоа ученици од ООУ „Даме Груев“, „Кирил и Методиј“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Тодор Ангелевски“, „Елпида Караманди“, „Св. Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“.

Жири-комисијата ја додели Гран при наградата на ООУ „Гоце Делчев“, признанието за најсилна порака против насилството на ООУ „Тодор Ангелевски“, а наградата за најкреативна кореографија ја добија учениците од ООУ „Кирил и Методиј“.

Continue Reading

Република

Прилеп утре без струја: Планиран прекин од 06:30 до 11:00

Жителите на Прилеп и околните приградски населби утре, 21 декември 2025, ќе останат без електрична енергија во период од четири и пол часа. Од АД МЕПСО информираат дека прекинот ќе трае од 06:30 до 11:00 часот.

Причината за прекинот се планирани зафати за модернизација на електропреносната мрежа на потегот помеѓу Битола и Прилеп. Стручните екипи ќе демонтираат старо проводно јаже од 110 kV далекувод (ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1) и ќе монтираат нов проводник.

АД МЕПСО апелира до домаќинствата и стопанските субјекти, особено оние кои работат наутро, да покажат разбирање за прекинот. Напонот се очекува да биде повторно воспоставен точно во 11:00 часот, а зафатиот се оценуваат како клучни за стабилно и сигурно функционирање на електропреносниот систем во иднина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг