Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Десет години од првата средба на Пеленица: Родителите на деца со церебрална парализа ја дадоа поддршката на Орце Ѓорѓиевски 

by Уредник
11.07.2025
in Uncategorized

Пред една деценија, на излетничкото место Пеленица, се одржа прваото дружење на членовите на Здружението на родители на деца со церебрална парализа со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје. Градоначалникот извести дека денот го поминал на традиционален излет со децата од Здруженито, чии членови ја искористија средбата да ја прослават неговата нова кандидатура и да му упатат јавна поддршка.

Свое видување за оваа средба сподели Марјан Илковски, родител во Здружението кое постои околу половина век.  

„Пред околу 10 години еден наш родител кажа дека некое момче од Драчево сака да ги однесе нашите деца на Пеленица, да ги почасти и да се дружи со нив. И така беше. Тоа момче беше денешниот кандидат за градоначалник за град Скопје, драгиот наш пријател Орце Ґорґиевски. Тогаш тој не беше ниту советник, ниту градоначалник, туку обичен човек како сите нас“, вели Илковски во пост на Фејсбук и дообјаснува:

„Од прв момент зрачеше со позитивна енергија и нашите деца веднаш го засакаа. Оттогаш дружбите станаа сѐ почести – за празници, родендени, па и за неговиот роденден. Разни настани, празници, родендени, а за неговиот роденден носејки ги децата во кафуле“.

Ветувањето дека ако стане градоначалник на Општина Кисела Вода ќе им обезбеди простор за здруженито, во 2021 година прераснало во дело – Здружението добило простор, како што го нарекуваат -„клупче“, каде што децата и родителите редовно се среќаваат и одржуваат терапии, работилници и меѓусебно се поддржуваат.

Илковски вели дека поради таа блискост и искреност ја поддржуваат и неговата кандидатура. 

„Ние сме со тебе исто како што ти си со нас цело време. Му посакуваме здравје, среќа и победа во првиот круг“.

Родителите веруваат дека долгогодишното пријателство со Ѓорѓиевски останува како цврста гаранција дека нивните деца ќе имаат глас и во иднина.

Next Post

Општина Чаир: Инцидентот со Арсовска нема поврзаност со општината, институциите да постапат одговорно

Лансиран Sharia Earn: Поедноставен раст на халал криптото и овозможена финансиска иднина во согласност со исламските принципи

Препорачани Вести

Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани

Исчезна 19-годишнa девојка од Тетово

10 months ago
Доколку пиете лекови за време на екстремните горештини, најважно е да направите една работа!

Доколку пиете лекови за време на екстремните горештини, најважно е да направите една работа!

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.