Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Минчев: Направивме историски исчекор во реформата на јавната администрација со усвојување на три клучни закони

by Уредник
11.07.2025
in Uncategorized
Минчев: Направивме историски исчекор во реформата на јавната администрација со усвојување на три клучни закони

Денес, во просториите на Министерството за јавна администрација, се одржа прес-конференција на Министерот Горан Минчев, по повод историското усвојување на три клучни закони за реформа на јавната администрација. Министерот го истакна значењето на законите како суштинска пресвртница кон изградба на професионална, деполитизирана и ефикасна администрација, во согласност со европските стандарди.

На вчерашната седница, Собранието на Република Македонија ги усвои следниве реформски закони:
-Законот за административни службеници
-Законот за вработените во јавниот сектор
-Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници

„Овие закони значат крај за партиските вработувања, клиентелизмот и формалните реформи што со години служеа како параван за нефункционалност. Ова не е крај – ова е почеток на нова ера во јавната администрација,“ – изјави Министерот Минчев.

Преку новите законски решенија се воведуваат темелни промени во јавниот сектор, меѓу кои:

-Вработување базирано на заслуги и компетенции, со целосна транспарентност преку дигитална платформа на Агенцијата за администрација.

-Специјализирани решенија за ИТ кадарот, подобрени услови за работа и мотивација за млади таленти.

-Задолжително и континуирано стручно усовршување преку новоформираната Академија за обуки.

-Воведување на менторство, обврзни тестирања и јасни критериуми за унапредување и дисциплинска одговорност.

-Централизирана институционална поддршка и контрола на вработувањата и унапредувањата.

Дополнително, Собранието го усвои и Законот за инспекциски надзор, со кој се укинуваат функционерските позиции во Инспекцискиот совет, со што државата ќе заштеди над 255 илјади евра годишно. Овој совет се интегрира во Министерството за јавна администрација, како дел од посветеноста кон ефикасно управување и укинување на политичките влијанија.

„За првпат по долго време, државата покажува заби на клиентелизмот, и рака на поддршка за професионализмот. За првпат, граѓаните, а не партиите, се ставени во центарот на системот“ – рече Минчев.

Министерот најави и нов реформски пакет закони кои се во подготовка:
-Законот за висока раководна служба
-Законот за организација и работа на органите на државната управа
-Законот за воспоставување на систем за плати во јавниот сектор

Овие закони ќе донесат стабилност, отчетност и фер систем на плати базиран на принципот „еднаков труд – еднаква плата“.

Прес-конференцијата заврши со благодарност до сите пратеници, институции, синдикати, граѓански организации, експерти и меѓународни партнери кои беа дел од процесот, како и до вработените во Министерството, за кои Минчев нагласи дека се „срцето на реформата“.

Министерството останува посветено на доследна имплементација на новите закони, со подготовка на подзаконски акти и континуирана поддршка на процесот на градење на јавна администрација по европски стандарди.

Next Post
Израелските разузнавачи тврдат: Иран успеал да заштити дел од збогатениот ураниум

Израелските разузнавачи тврдат: Иран успеал да заштити дел од збогатениот ураниум

Асфалтиран дел од улицата „Нико Фундали“ во Битола – реконструкција на патната и подземната инфраструктура

Препорачани Вести

Тепачка прерасна во уличен хаос – тројца млади пријавени за насилство во Тетово!

7 months ago

Италија размислува за еднократен данок на златото во домовите – граѓаните ќе плаќаат 12,5% за пријавено наследство

3 months ago

Популарни Вести

  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќата Лтеиф ги документираат убавините на Христијанството преку платформа на Инстаграм од 700.000 следбеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.