Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Брутални напади врз Украина: Лансирани 26 крстосувачки ракети и речиси 600 борбени дронови

by Уредник
12.07.2025
in Uncategorized
Брутални напади врз Украина: Лансирани 26 крстосувачки ракети и речиси 600 борбени дронови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија синоќа извела масовни воздушни напади врз повеќе украински региони, вклучувајќи ги Харковската, Сумската, Лавовската област и Буковина.

Според Зеленски, биле лансирани 26 крстосувачки ракети и дури 597 јуришни дронови, од кои поголемиот дел биле ирански дронови од типот „Шахед“. Тој истакна дека украинската противвоздушна одбрана успеала да собори повеќе од 20 ракети и огромно мнозинство од дроновите, благодарение на што е избегната уште поголема трагедија.

„Им благодарам на нашите сили за противвоздушна одбрана за овој резултат“, порача Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.

Сепак, во нападите врз цивилна инфраструктура, меѓу кои и станбени згради, загинаа две лица во Чернивци, а околу дваесетина беа повредени, информираше украинскиот претседател. На сите повредени им се укажува неопходна медицинска помош.

Зеленски го искористи моментот да ја повика меѓународната заедница на итни и одлучни мерки, вклучувајќи:

построги санкции за сите кои ѝ помагаат на Русија во производството на дронови и профитираат од извозот на нафта,

испорака на повеќе системи за противвоздушна одбрана,

инвестиции во дронови-пресретнувачи, кои досега покажале висока ефикасност на фронтот.

„Оваа војна може да се запре само со сила. Очекуваме не само сигнали, туку конкретни дејствија од нашите партнери – дејствија кои спасуваат животи“, истакна Зеленски.

Како што претходно објави и шефот на Чернивциската регионална администрација, Руслан Запарањук, две лица загинале, а повеќе се повредени при нападот врз градот Чернивци и неговата околина.

Next Post
Белата куќа со бизарна објава за претседателот Трамп – погледнете каква фотографија објавија  [ФОТО]

Белата куќа со бизарна објава за претседателот Трамп - погледнете каква фотографија објавија [ФОТО]

Орбан со нови обвинувања кон Украина – украинците учествувале во сериозен инцидент

Орбан со нови обвинувања кон Украина - украинците учествувале во сериозен инцидент

Препорачани Вести

Асфалтирање нова улица во Жилче – продолжува инфраструктурната офанзива во Јегуновце

6 months ago

Посебен режим на сообраќај во Скопје

12 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.