Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Коњановски: Битола добива историски инвестиции вредни 11,5 милиони евра

by Уредник
12.07.2025
in Uncategorized

Битола е на прагот на големи инфраструктурни и урбани промени, откако градоначалникот Тони Коњановски најави капитални инвестиции вредни 707 милиони денари (приближно 11,5 милиони евра), предвидени со ребалансот на буџетот што ќе се најде пред Советот на општината во понеделник.

„Битола заслужува иднина во која ќе се гордееме дека сме оставиле белег,“ порача Коњановски, истакнувајќи дека ова не се предизборни ветувања, туку резултат на сериозна и долгогодишна подготовка и посветеност.

Во фокусот на новите инвестиции се образованието, спортот, патната инфраструктура и урбаниот развој. Ќе се градат три нови типски училишни спортски сали, девет училишни спортски игралишта, ќе се реконструираат постојни терени и ќе се уреди нова атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“.

Голем акцент се става и на изградба на нови паркинг-простори. Во шест локации низ градот, меѓу кои Овчи Пазар, Ат Пазар, поранешната касарна и околината на Хеликоптерот, ќе се изградат преку 150 нови паркинг места.

Улиците во градот и во руралните населени места конечно ќе добијат темелна реконструкција. Планирани се инфраструктурни зафати во повеќе населби, меѓу кои Карпош, Баир, Мал Париз, Јени маало, Буковски ливади, како и во селата Карамани, Барешани, Ротино, Раштани, Трн, Братиндол и Горно Ореово.

Посебен проект е и пренамената на објект во Буковски ливади во училиште, инвестиција вредна 30 милиони денари, како и изградба на нови улици и осветлување во областа околу болницата Плодност.

„Никогаш Владата на Македонија во овие 30 години не дала толку средства во Битола во една година! Никогаш во историјата на Битола толку не се градело!“ изјави Коњановски, потенцирајќи ја поддршката од Владата на Република Македонија за овие проекти.

Овој пакет инвестиции се очекува да донесе суштински промени во квалитетот на живот во Битола и околината, отворајќи нова развојна страница за градот под Пелистер.

Next Post
Лекар предупредува: Доколку забележите ваква промена на кожата – веднаш одете на лекар!

Лекар предупредува: Доколку забележите ваква промена на кожата – веднаш одете на лекар!

Шест симптоми на срцев удар кои не смеете да ги игнорирате – секоја минута е пресудна

Шест симптоми на срцев удар кои не смеете да ги игнорирате – секоја минута е пресудна

Препорачани Вести

Кремљ: Путин и Трамп ќе разговараат телефонски во 17 часот по московско време

Кремљ: Путин и Трамп ќе разговараат телефонски во 17 часот по московско време

9 months ago

Хроничен недостиг на лекови ја погоди Европа: Аптекарите и пациентите во мака

4 months ago

Популарни Вести

  • Проданоски со верниците на одбележувањето на Св. Атанасиј во Големо Радобил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО РЕПОРТАЖА: Селото Требиште во областа Голо Брдо живее со години без основна инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во Хамбург: Маж повлече девојка под воз, двајцата загинаа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД и Израел разгледуваат невиден воен удар врз Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измамници ја таргетираа старосната популација во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.