Connect with us

Република

Меџити на отворањето на хотелот „Ембла“ во Струга: Визионерски проект што го унапредува градот

Во срцето на Струга, синоќа свечено беше отворен хотелот „Ембла“, модерен туристички капацитет кој претставува успешен спој на традицијата и современото угостителство. На отворањето присуствуваше и првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој го поздрави овој значаен проект и го оцени како визионерска инвестиција со реална вредност за целиот град.

Хотелот е идеја и реализација на познатиот струшки стопанственик Менди Ќура, за кого беше истакнато дека со својата посветеност и делување придонесува за развојот на локалната економија, отворање на нови работни места и унапредување на квалитетот на туристичките услуги.

„Ембла“ не е само хотел – тоа е концепт внимателно изграден со љубов кон Струга и со визија за одржлив развој на градот. Меџити нагласи дека токму вакви проекти се доказ дека туристичкиот, културниот и економскиот потенцијал на Струга може да се стави во целосна функција на локалниот просперитет.

Според присутните на отворањето, хотелот „Ембла“ е позитивен пример како изгледа модерна, но културно втемелена туристичка понуда, што дополнително ќе го зајакне имиџот на Струга како дестинација за домашни и странски посетители.

Advertisement

Република

Земјотрес го погоди западниот дел на Македонија

Рано утрово во 1:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на земјава, поточно во околината на Кичево, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот, со јачина од 2 степени според Рихтер, се случил на длабочина од 15 километри. Според ЕМСЦ, епицентарот бил лоциран 15 километри југозападно од Кичево, додека Институтот за геолошки науки во Тирана наведува дека земјотресот бил во Општина Дебрца.

Засега нема пријавено материјални штети или други последици од земјотресот.

Continue Reading

Република

Забрзана изградба на автопатот Тетово–Гостивар: Николоски објави ново видео од терен

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски објави ново видео на својот Фејсбук-профил, со кое информира за интензивните градежни активности на автопатот Тетово–Гостивар, дел од Коридорот 8.

Во објавата, Николовски наведува дека работата се одвива со силно темпо и дека се прават сериозни чекори кон комплетирање на автопатското решение на овој стратешки коридор.

„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша министерот, додавајќи видео снимки од градежните машини и текот на работите.

Инфраструктурниот проект е еден од клучните сегменти во модернизацијата на патната мрежа во земјата и значајно ќе го подобри движењето меѓу Полошкиот регион и западниот дел на Македонија.

Continue Reading

Република

Женa повредена при судир со службено возило на МВР во Охрид

На 7 декември 2025 година околу 09:40 часот, во Охрид се случи сообраќајна несреќа на крстосницата помеѓу улиците „7 Ноември“ и „Васил Главинов“, во која учествуваа патничко возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки и службено возило на МВР — управувано од полициски службеник.

Повредена е 44-годишната жена (Л.Т.) која го управувала „Пежо“, која беше пренесена во болница за укажување на лекарска помош. Во моментот нема информации за степенот на повредите.

МВР ја презеде истрагата — инспекциската екипа одговорна за увид е на терен, а сообраќајот на местото на настанот беше привремено регулиран заради истражувачки активности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг