Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Зголемена наплатата на приходи од Царината – резултат на принципиелна работа и борба против криминалот

by Уредник
14.07.2025
in Uncategorized
Мицкоски: Зголемена наплатата на приходи од Царината – резултат на принципиелна работа и борба против криминалот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека државата бележи значителен напредок во наплатата на јавни приходи преку Царинската управа, нагласувајќи дека станува збор за резултат на принципиелно работење, борба против сивата економија и јасна политичка волја за справување со корупцијата.

„За една година, со напорна работа, со визија и со домаќински пристап, ја враќаме државата на нозе – дел по дел, институција по институција, систем по систем. Еден од тие столбови што го гради новото време, што ги поставува темелите на промените, е токму Царинската управа“, истакна Мицкоски на настанот посветен на работата на институцијата.

Според официјалните податоци, во изминатата година се наплатени приходи во износ од над две милијарди евра, што е зголемување од 105 милиони евра во споредба со истиот период лани. „Тоа не е случајно. Тоа е резултат на принципиелна работа, на раководење без калкулации, на борба со сивата економија и корупцијата, и на јасна политичка определба – парите да одат кај граѓаните, а не во нечии џебови“, нагласи премиерот.

Мицкоски посочи дека приходите од царина се зголемени за 15,2 проценти, а од акцизи за 7,1 процент, што, според него, се средства што вчера завршувале во сивата економија, а денес се враќаат кај народот. „Тоа значи повеќе за пензии, за плати, за болници, училишта, патишта и за иднината на нашите деца“, рече тој.

Како потврда за зголемената ефикасност на институциите, премиерот посочи дека годинава до обвинителствата се поднесени 181 кривична пријава, што е речиси четири и пол пати повеќе од минатата година. „Тоа е сигнал дека институциите конечно работат. Не затвораат очи, туку дејствуваат“, порача Мицкоски.

Премиерот упати благодарност до директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и целиот тим за, како што рече, нивната решителност да се спротивстават на неправдите и да го спроведат законот. Воедно, тој се заблагодари и на министрите во Владата кои, според него, ја поддржуваат институцијата што има „клучно значење за државата“.

„Граѓаните го препознаваат новиот пристап. Знаат дека не ветуваме чуда, туку работиме секој ден – од рано наутро до доцна навечер – за да изградиме систем кој не зависи од партиски книшки, туку од правда, отчетност и еднаквост“, порача Мицкоски.

Во своето обраќање, премиерот посочи дека претстојат нови предизвици, но верува дека Македонија е на пат кон просперитет.

„Овој извештај на Царинската управа е токму тоа – доказ за промена. Денес, не правиме само отчет. Денес, праќаме порака: Македонија знае да се справи со предизвиците. Знае да се бори. И знае да победи. Време е на одговорност, правда и напредок. Време кога институциите не служат на поединци, туку на народот. И нема да застанеме. Ниту еден ден нема да биде изгубен. Секој ден ќе биде нов чекор кон новата иднина која ја градиме – чесна, силна и просперитетна држава“, заврши Мицкоски.

Next Post
Мицкоски: Во фаза на преговори е преземањето на локациите за инвестиции и енергетски проекти низ државата, Владата е во преговори и со нови инвеститори

Мицкоски: Во фаза на преговори е преземањето на локациите за инвестиции и енергетски проекти низ државата, Владата е во преговори и со нови инвеститори

Трамп подготвува радикален пресврт во односот со Русија

Трамп подготвува радикален пресврт во односот со Русија

Препорачани Вести

Поддршката во ЕУ за членство на Македонија варира: највисока во Шведска, најниска во Бугарија

5 months ago
Господски потег на Вардар: Му посакаа на Пелистер да стане европски првак!

Господски потег на Вардар: Му посакаа на Пелистер да стане европски првак!

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.