Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Владата одобри 707 милиони денари за Битола – Коњановски најави голем инвестициски бран

by Уредник
14.07.2025
in Uncategorized

На денешната седница на Советот на Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски го претстави ребалансот на буџетот за 2025 година, кој го нарече „историски ден за Битола“. Главна причина за ребалансот се 707 милиони денари што општината ги добила од Владата на Република Македонија како поддршка за проектите поднесени на последниот владин повик.

„Никогаш досега една Влада не одвоила толкави средства за Битола“, изјави Коњановски, кој побара поддршка од советниците за реализација на проекти од витално значење.

Ребалансот опфаќа голем број капитални инвестиции, меѓу кои:
• изградба на три нови спортски сали во основни училишта,
• реконструкција на девет училишни спортски игралишта,
• шест нови паркинзи со преку 150 паркинг-места,
• изградба на атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“,
• обнова и изградба на десетици улици низ градот и населените места,
• инвестирање во образованието, старскиот дом, противпожарната единица, Зоолошката градина и ЈП Пазари.

Особен акцент беше ставен на проектите кои се дел од поддршката на Владата и Европската инвестициона банка преку Министерството за животна средина. Градоначалникот ги повика советниците конечно да ги изгласаат одлуките за грант-средствата, кои неколкупати не добиваа поддршка. „Ние како општина ништо не финансираме, добиваме грант кој нема да го враќаме, освен ако не се однесуваме неодговорно“, порача Коњановски.

На дневен ред беше и усвојувањето на нацрт-ДУП за Запад 08.01, со кој се предвидува изградба на нов спортски комплекс во Нова Битола со капацитет од 5.000 гледачи, како и основно училиште, детска градинка, старски дом, колективно домување и голема површина на парково зеленило. „Битола сака спорт“, истакна градоначалникот, додавајќи дека со новиот ДУП се предвидува и развој на сообраќајна мрежа и проширување на урбаното јадро на градот.

Дополнително, беше најавена и изградба на нов систем за водоснабдување со замена на потисниот цевковод со нова цевка Ф800, во должина од 2.6 километри. Целта е стабилизирање на водоснабдувањето за Битола, Новаци и Могила.

„Битола станува велоград“, рече Коњановски, најавувајќи нови велосипедски патеки, уредување на тротоари и поврзување на булеварите во Нова Битола.

Градоначалникот порача дека финансиската кондиција на Општината е стабилна, сите обврски се подмирени до 30 јуни 2025 година, а реализацијата на буџетот надминува 40% во вториот квартал. Со ова, според него, Битола е подготвена за нов инвестиционен циклус.

Next Post
Повеќе од 150 милиони евра од унгарскиот кредит завршиле кај бизнис-секторот, наскоро договори со општините за вториот повик

Повеќе од 150 милиони евра од унгарскиот кредит завршиле кај бизнис-секторот, наскоро договори со општините за вториот повик

Горивата поскапуваат: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Горивата поскапуваат: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Препорачани Вести

Јовановски ја презеде функцијата од Дехари во Кичево

2 months ago
Уапсени старешина и полициски инспектор вечерва во Куманово

Загина една од најубавите жени на Балканот: Трагичен крај на поранешната Мис Балкан

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.