Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

90 пријави за неправилности во здравството, започнуваат големи инвестиции во инфраструктурата

by Уредник
16.07.2025
in Uncategorized

Министерот за здравство Азир Алиу информираше дека во Министерството пристигнале 90 пријави за неправилности во здравствените установи, доставени преку дигиталната алатка за пријавување на официјалната веб-страница. Од нив, досега се обработени 60 пријави, но само две се со индикации за понатамошна постапка.

– Од сите градови има пријави, најмногу од Скопје, но и од другите градови по една или две. Ќе постапуваме по сите случаи додека не се утврди дали има основ за понатамошни дејствија – изјави Алиу.

Министерот потсети и на важните измени во Законот за здравствена заштита, со кои, како што рече, создавањето семејство станува достапно право, а не луксуз. Бројот на поддржани обиди за ин витро оплодување е зголемен од три на шест, а целата постапка е дигитализирана и скратена на само две недели.

– Нема повеќе месеци чекање, нема изгубени документи. Имаме нов пристап – надеж и едноставност – нагласи министерот.

Тој исто така информираше дека е поедноставен процесот за лекување во странство, воведени се појасни одговорности во управувањето со Фондот за здравство и започна усогласување на правата на странските граѓани со тие на домашните пациенти.

Министерството за здравство веќе ја започна националната програма за менаџирање на кризи и отпорност на здравствениот систем. Програмата предвидува стандардизирани протоколи, дигитална платформа за координација во реално време, симулациски вежби и обуки за интероперативна комуникација меѓу здравствените и безбедносните институции.

Алиу најави и нова инвестициона фаза вредна 205 милиони евра за реконструкција и унапредување на здравствената инфраструктура во Штип, Тетово и Кичево.

Next Post

Пекол низ Македонија: Армијата и авиони во борба со огнената стихија!

Русино добива нова механизација вредна 1,1 милион евра – Меџити потпиша договор за еколошка револуција во Полошко

Препорачани Вести

Меџити: Со новиот закон ставивме крај на неправдата кон Медресејата Иса Беу

5 months ago
Голем неделен хороскоп за сите хороскопски знаци (19 – 25 мај): Еден хороскопски знак го очекува унапредување, друг огромн добивка

Голем месечен хороскоп за октомври: За сите хороскопски знаци!

4 months ago

Популарни Вести

  • Инцидент на Попова Шапка – МВР до детали од настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.