Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Изет Меџити: Со новиот закон го рушиме коцкарскиот систем што ја уништуваше иднината на младите

by
2025/07/16 12:15:47
in Uncategorized

Почитувани граѓани, претставници на медиумите и пошироката јавност, 

Денес сум пред вас за да ја информирам јавноста дека казино индустријата, која подолго време беше претворена во главно бизнис претпријатие во нашата земја, сега доживува сериозен удар. Денес почнуваме со воспоставување ред и искоренување на злото што ни го остави како „подарок“ претходната влада.

Вчера нашата Влада го усвои Предлог-законот за игрите на среќа. Ова е многу значаен чекор во борбата против мафијата на коцкањето, за што лично се обврзав уште од првиот ден кога ја презедов функцијата Прв Вицепремиер.

 

Почитувани присутни,

Ние наследивме општество во кое коцкањето беше во подем, казината и обложувалниците беа отворени на секој агол. Денес, на територијата на целата држава функционираат најмалку 1500 центри ѕа коцкање, обложувалници и апарати за коцкање. За жал, мојот претходник лично се залагаше за проширување на овој профитабилен бизнис за мафијата, но разорувачки за семејствата.

      •     Со Предлог-законот кој го усвоивме вчера во Владата, уште на почетокот ќе се намали присуството на оваа колективна катастрофа за најмалку 70%! Го потенцирам – ОВА Е САМО ПОЧЕТОК! Од над 7.000 VLT апарати, со првиот удар ќе се отстранат 4.000;

      •     Го забрануваме рекламирањето на коцкањето;

      •     Казина повеќе нема да има низ населените места, градови и села како што е случај денес;

      •     Ги отстрануваме коцкарските клубови и обложувалниците кои организираат коцкање и сите други форми на коцкарски објекти најмалку 500 метри од школските објекти;

      •     Ги зголемуваме даноците и давачките за да се отежни процедурата за отворање на обложувалници. За споредба, во претходната влада, со една лиценца компаниите отвораа неограничен број објекти. Тоа повеќе нема да биде можно.

 

Драги граѓани,

Борбата против индустријата на коцкањето е тешка и опасна борба. Станува збор за добро организирана структура со криминогена природа, која ги надминува државните граници и не признава бариери – ниту политички, ниту етнички, ниту национални, ниту верски. Мафијата на коцкањето е ракот на нашето општество – таа ветува среќа, но носи само несреќа! И токму оваа структура ни ја остави во наследство претходната Влада!

Сепак, сакам да ве уверам дека првите конкретни резултати од нашата решителна борба против криминалната индустрија на коцкање и игрите на среќа веќе пристигнуваат.

Минатиот месец започна затворањето на стотици нелегални онлајн страници за коцкање кои нудеа услуги во нашата земја. До денес затворивме над 200 онлајн страници за коцкање, кои тивко – како рак – почнаа да ја заразуваат секоја фамилија, секое село, секое населено место, секој град.

Ако до вчера имавме казина покрај училишта, покрај домовите, во животите на нашите деца – денес воспоставуваме ред, закон и достоинство. До вчера, претходната Влада градела коцкарска империја врз сиромаштијата и очајот на Албанците. Денес, нашата Влада ги урива тие криминални империи и ја гради иднината.

За жал, претходната влада си играше коцка со судбината на Албанците. Сиромаштијата ја претвори во бизнис, а очајот во глас. Тој период заврши. Новата влада не е дел од стариот систем. Ние не зборуваме со празни зборови. Нашата влада делува. Ова е борба за иднината, за нашите деца, за нашата младина, за нашите семејства.

Казиното не е развој, тоа е уништување. Казиното не е напредок, тоа е рана. Казиното не е економија, тоа е криминал. Ќе го искорениме овој систем, до корен. Ова е промената што ја ветивме како Влада. Ова е државата што нашите граѓани ја заслужуваат. Ова е почетокот наедна нова ера.

Ви благодарам!

Next Post
Зеленски: Путин се плаши од Америка – престанува да бомбардира кога доаѓаат американски претставници

Зеленски: Путин се плаши од Америка – престанува да бомбардира кога доаѓаат американски претставници

Битолскиот театар го реконструира патот до Ротинското Езеро за премиера под отворено небо

Битолскиот театар го реконструира патот до Ротинското Езеро за премиера под отворено небо

Препорачани Вести

Подгответе се за променливо и нестабилно време: Еве какво време ја очекува Македонија денес

Подгответе се за променливо и нестабилно време: Еве какво време ја очекува Македонија денес

7 months ago

Пензионер треба да врати речиси 30.000 евра поради грешка во пензијата

3 weeks ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.