Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Министерката Божиновска: „Со ветерниците на Алказар Енерџи ќе создадеме систем што произведува чиста, стабилна и македонска енергија“

by Уредник
16.07.2025
in Uncategorized

„Ова не е само уште еден проект, туку силен сигнал дека Македонија оди напред – со визија, со јасна цел и со решителност да стане енергетски независна, современа и просперитетна земја“, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот на „Алказар енерџи“ , на кој свечено беше означен почетокот на изградбата на најголемиот ветерен парк во државата.

„Инвестициите во ветер, сонце, вода не се само проект. Тие се мостови кон економска стабилност, зелена транзиција и нови работни места за македонските граѓани. Со оваа инвестиција се градат можности за младите, се градат индустриски капацитети за целата држава и енергетска сигурност за многу домаќинства“, вели Божиновска. 

Планираните 55 турбини на површина од 326 хектари меѓу Штип, Карбинци и Радовиш ќе обезбедуваат струја за околу 100 000 домаќинства и ќе овозможат трајнавредност за економијата.

„Оваа Влада ја постави енергетиката како столб на развој и нема да застанеме додека не ја трансформираме Македонија во регионален центар за обновлива енергија,“ рече министерката, упатувајќи благодарност до меѓународните инвеститори за довербата. Таа порача дека натамошното јакнење на енергетската безбедност е условено од вакви стратешки вложувања, „работени според правилата и во интерес на иднината“.

„Ќе создадеме систем што произведува своја енергија, чиста, стабилна и македонска. Ова е моментот да покажеме што можеме: да бидеме регионален лидер во обновливите извори и земја што ги чува своите ресурси,“ заврши Божиновска, испраќајќи порака дека денешниот настан претставува пресвртница во патот кон енергетска самостојност и зелен раст.

Покрај Божиновска, на свеченоста присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и коосновачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон. Од компанијата нагласија дека проектот, најголем од ваков тип во регионот, ќе ги поттикне локалните бизниси и ќе отвори нови индустриски капацитети.

Next Post
Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Приведено лице од Крушево за злоупотреба на службена должност

Приведено лице од Крушево за злоупотреба на службена должност

Препорачани Вести

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Искршено полициско возило по сообраќајна контрола

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Искршено полициско возило по сообраќајна контрола

6 months ago
Ѕвездата на Барселона со својата најнова изјава го стресе фудбалскиот свет

Ѕвездата на Барселона со својата најнова изјава го стресе фудбалскиот свет

11 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.