Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Само на Балканот: Човек починал на плажа, телото стоело два часа под чадор на преполна плажа

by Уредник
16.07.2025
in Uncategorized
Само на Балканот: Човек починал на плажа, телото стоело два часа под чадор на преполна плажа

Тешка сцена се одигра во понеделникот на плажата во Промајна, кај Башка Вода (Хрватска), каде што бројни туристи биле сведоци на трагедија што заврши со смрт.

Според сведоштвото на еден турист од Тузла, кој со семејството престојувал на плажата, маж од Мостар го загубил животот додека пливал во морето. Како што раскажува сведокот за босанскиот портал Фокус, никој веднаш не забележал што се случило.

„Човекот се удави, го извадија од морето, но никој не забележа веднаш. Повикаа Брза помош, лекарите се обидуваа да го реанимираат скоро еден час, но безуспешно. Кога констатираа дека нема спас, едноставно го оставија под чадор на среде плажа и си заминаа. Телото лежеше таму повеќе од два часа“, вели очевидецот.

Посебен шок меѓу присутните предизвикало тоа што покрај телото немало никого освен полицијата, ниту роднини, ниту пријатели. „Никој не знаеше кој е. Само го оставија и заминаа. Луѓето беа згрозени – лежеше на сонце, пред сите, како да не е човек“, продолжува сведокот.

Ситуацијата станала уште понереална кога една жена дошла да го побара својот чадор, под кој било оставено телото. Полицијата ѝ го вратила, оставајќи го починатиот на отворено, на видикот на сите присутни на плажата.

Дури во вечерните часови се појавила неговата жена која започнала да го бара, бидејќи не се вратил дома. Така дознала што се случило. Се испоставило дека мажот бил од Мостар и дека имал куќа во близина, каде што престојувал како турист.

„Тешко е да се гледа телото оставено на плажата цели два часа. Дури потоа дојдоа погребни служби со ковчег, го ставија телото и го однесоа, додека целата плажа немо набљудуваше“, завршува сведокот.

Непријатната сцена, како што додава, не е нешто што човек очекува да го доживее за време на одмор: „Сè е тоа дел од животот, но начинот на кој беше постапено – да го остават така среде плажа – беше апсолутно надреално“.

Next Post
Вештачката интелигенција ќе помогне во разбирањето на јазикот на животните

Вештачката интелигенција ќе помогне во разбирањето на јазикот на животните

Министерката Божиновска: „Со ветерниците на Алказар Енерџи ќе создадеме систем што произведува чиста, стабилна и македонска енергија“

Препорачани Вести

УШТЕ ЕДНА ПОВОЗРАСНА ЖЕНА Е ИЗМАМЕНА: Платила 10.000 евра зашто ќерка и „прегазила дете“

УШТЕ ЕДНА ПОВОЗРАСНА ЖЕНА Е ИЗМАМЕНА: Платила 10.000 евра зашто ќерка и „прегазила дете“

11 months ago

Банка вработува раководител во Тетово

11 months ago

Популарни Вести

  • aleksandar nikoloski

    Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.