Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Украина и украинскиот народ се во незавидна ситуација: Поради една работа, цела држава зависи од Елон Маск

by Уредник
16.07.2025
in Uncategorized
Украина и украинскиот народ се во незавидна ситуација: Поради една работа, цела држава зависи од Елон Маск

Најголемиот мобилен оператор во Украина, Kyivstar, започна тестирање на нова услуга за сателитска комуникација преку мрежата Starlink на Илон Маск, овозможувајќи испраќање пораки директно од мобилни телефони без потреба од класични базни станици.

Во рамки на пилот-програмата, мобилните уреди кои поддржуваат 4G и LTE мрежи директно се поврзуваат со сателити во орбитата, што им овозможува корисниците да испраќаат и примаат текстуални пораки дури и во планинските и руралните подрачја. Целосната имплементација на оваа услуга се очекува во средината на 2026 година.

Стратегија или зависност?

Иако експертите го оценуваат потегот како логичен чекор во воени услови, загриженоста расте околу степенот на зависност од американскиот милијардер Илон Маск, кој и во минатото наводно се заканувал дека ќе ги прекине Starlink услугите за Украина.

„Ова претставува оправдана загриженост за технолошкиот суверенитет. Кога се потпирате исклучиво на еден добавувач – а тоа е Starlink – тогаш суверенитетот паѓа во втор план. Во овој момент, приоритет број еден е победата во војната“, изјави Дарио Гарсија де Виедма од шпанскиот институт „Елкано“.

Starlink – клучен за комуникацијата

Starlink, со повеќе од 7.800 сателити во ниска орбита, обезбедува брз интернет и во подрачја каде што е невозможно да се воспостави класична инфраструктура. Според аналитичарите, терминалите се мали, преносливи и финансиски прифатливи, што ги прави идеални за употреба во воени услови.

Украинскиот министер за дигитална трансформација, Михајло Федоров, веднаш по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година побара поддршка од Маск. Првите пакети со терминали пристигнале само шест дена подоцна. До април 2025 година, во Украина биле активни околу 50.000 Starlink терминали, кои обезбедувале стабилна комуникација за болници, училишта и железници – дури и за време на прекини во електричното напојување.

Системот го користеше и украинската армија, особено во рамки на операцијата Аеророзвидка во 2022 година, каде што преку Starlink функционираше воениот командно-информативен систем Делта.

„Украина веќе воспостави екстремна зависност од Starlink. Без комуникација, таа не може да победи. Единствена алтернатива ѝ остануваат сигналите со чад или поштенски гулаби“, коментира Виедма, алудирајќи на отсуството на алтернативна инфраструктура.

Политички ризици

Во март годинава се појавија шпекулации дека Маск размислувал за прекин на Starlink услугите за Украина, наводно во обид да се потпише договор вреден 500 милијарди долари за ретки минерали со Доналд Трамп. Маск ги негираше наводите и изјави дека никогаш не би ги користел терминалите како „преговарачка алатка“, без оглед на политичките несогласувања.

Според Виедма, новото партнерство меѓу Kyivstar и Starlink може да го обесхрабри Маск да се повлече, бидејќи ќе добива приходи и од цивилни корисници, а не само од воени структури.

Алтернативи се неопходни

И покрај тоа, експертите предупредуваат дека Украина мора да развие резервен план и да ја диверсифицира интернет-инфраструктурата.

„Ризикот од прекин на услугите постои. Не знаеме дали се добиени нови гаранции, но има смисла да се работи на алтернативи“, вели Јан Фредерик Слијкерман од ING Think.

Меѓу опциите се ограничување на Starlink за руралните и тешко достапни области, додека во урбаните средини би се задржала класичната 4G/5G инфраструктура. Друга можност е Украина да се приклучи кон европските проекти како Eutelsat или новата програма IRIS².

Сепак, Слијкерман предупредува дека Starlink останува далеку пред конкуренцијата, и по бројот на сателити и по темпото на лансирање, со проценета база од шест милиони корисници заклучно со јули 2025 година.

Next Post
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово

Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово

Димитровски: Градиме спортска сала што ќе ја заслужи Битола – со план, визија и посветеност

Препорачани Вести

Цените во Охрид ги урнаа сите рекорди: Еве колку чини најевтиниот коктел, а колку само една топка сладолед

Цените во Охрид ги урнаа сите рекорди: Еве колку чини најевтиниот коктел, а колку само една топка сладолед

7 months ago
Од почетокот на неделата полицијата уапсило 21 лице за безобѕирно управување на возило

Од почетокот на неделата полицијата уапсило 21 лице за безобѕирно управување на возило

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.