Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за инфраструктура, социјала и образование со дополнетиот ребаланс на Буџетот

by
2025/07/17 10:01:19
in Uncategorized

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година е усвоен од Владата и веќе е испратен на усвојување во Собранието. Со него се предвидуваат дополнителни средства за повеќе министерства, при што најголем акцент е ставен на социјалната заштита, образованието и инфраструктурата.

Како што информира Министерството за финансии, со ребалансот се предвидува доделување на шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово преку Министерството за транспорт. За Министерството за социјална политика, демографија и млади се издвојуваат дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци, а пет милиони денари се наменети за Универзитетот „Гоце Делчев“ преку Министерството за образование и наука.

– Со предложениот ребаланс се обезбедуваат средства за редовно сервисирање на обврските на буџетските корисници, како и за зголемување на платите, исплата на пензии и капитални инвестиции, наведуваат од Министерството за финансии.

Промените предвидуваат и дополнителни средства за исплата на плати, особено во Министерството за внатрешни работи, каде што е предвидено зголемување од 10 проценти на платите. Ребалансот обезбедува и 300 милиони денари за капитални расходи, а вкупните капитални инвестиции се планирани на ниво од 47,4 милијарди денари.

Владата продолжува со финансиската поддршка за општините, при што досега се обезбедени дополнителни 584 милиони денари преку прераспределба на средства.

Вкупните приходи со ребалансот се проектирани на 362,4 милијарди денари, што е зголемување за околу еден процент, односно 3,5 милијарди денари. Расходите исто така се зголемуваат за околу еден процент и достигнуваат 403,7 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува непроменет – 41,3 милијарди денари или 4%.

Next Post
Медведев: Русија нема намера да војува со НАТО ниту да ја нападне Европа

Медведев: Русија нема намера да војува со НАТО ниту да ја нападне Европа

Украина со огромен напад врз Русија: Дронови над Москва и неколку други руски градови – кошмар за Владимир Путин

Украина со огромен напад врз Русија: Дронови над Москва и неколку други руски градови - кошмар за Владимир Путин

Препорачани Вести

Газдата на ,,Пуцко Петрол” Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра кауција за да излезе од притвор

8 months ago
Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за вторник – 26 август: Одлични вести на финансиски план за еден хороскопски знак

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.