Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот

by Уредник
17.07.2025
in Uncategorized

Вистински екологисти се оние кои се високо образовани во нивниот сектор и кој можат да дадат одговор со кои стравот кај граѓаните се сведува на минимум зошто не влеваат само впечаток на доверба, туку експлицираат огромно знаење, а тоа е доверба, пишува колумнистот и металуршки инженер, Виктор Грозданов во својата последна колумна насловена „Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот“.

„Впрочем доколку се разговара за како се креира рударско -индустриски комплекс за експлоатација на рудно металично богатство одговорите се бараат на следниов начин. Потребни Ви се експерти кои учеле проектирање на индустриски капацитети и кои веднаш знаат дека се бараат следниве: геолог да ја открие рудата, географ да каже каква е ружата на ветрови за прашината која и покрај заштитата со водна завеса да не случајно оди во населени и земјоделски места, рударите да кажат каква технологија на ископ да се изврши, металурзите да извршат екстракција на металот, макроекономист да го продава рудното богатство и најважното државата кажува како се враќа во првобитна состојба земјиштето кое се употребувало за рудниот комплекс. Затоа се креираат повеќе децениски стратегии во кое клучно место имаат самите факултети, но и највисоката научно-образовна институција МАНУ“, пишува Грозданов.

Во колумната вели токму од овие причини и негодува околу стратегијата на МАНУ за геолошки испитувања, бидејќи за неа не се консултирани професорите од соодветните факултети.

„Моите професори ги пратат најновите достапни технологии и силно инсистираат да употребата на вода е во многу минимални количини. Два рударски комплекси кои сакаат експлоатација на најсериозниот критичен метал БАКАРОТ кој го поседуваме во милијарди евра и чија рудна жица ја има само во Источна Македонија, Генезис и Иловица-Штука инсистираат на научна основа да се оди со сува постапка, без создавање на хидро јаловишни брани бидејќи експертите од Македонија дадоа такви препораки со цел да минимизира влијанието врз животна средина. За жал МАНУ не ја објаснува потребата од отворање на ваквите гиганти“, вели Грозданов во колумната.

И во продолжение како одговор на, како што вели „еко – лагите“ наведува: Фактите се :

1. 350 милиони евра инвестиција во првите две до три години;
2. Изградба на целосна инфраструктура во општините кои ќе бидат потребни за рудникот но и граѓаните;
3. Директни и инидиректни вработувања 2500-3200 од самите општини;
4. 11 милиони евра просек годишно да делат Босилово и Ново Село;
5. 14 проценти намален дефицитот на буџетот на Македонија;
6. Зголемена просечната плата во Македонија;
7. Ако сме паметни како држава ќе добиеме субвенции и донации првенствено во спорт и стипендирање во образованието и стопирање на одлив на младите;
8. итн

И затоа МАНУ и Владата на Македонија мора со сета сила да докажат дека на лагите од самопрогласените екологисти им се кратки нозете, заклучува во својата колумна Грозданов.

Извор: а1он.мк

Next Post
Претрес во Пробиштип, приведени две лица

Кумановец пријавен за фалсификувана диплома при вработување во јавно претпријатие

kola gori

Три возила изгореа во ноќен пожар во Скопје – се истражува причината

Препорачани Вести

Црна Гора испраќа војници за обука на украинската армија во рамки на мисијата на ЕУ

8 months ago

Пад на сиромаштијата во Аргентина: од 52,9% на 27,5% за време на администрацијата на Милеј

1 month ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.