Connect with us

Европа

Сања Божиновска: Двојно повисоки приходи од рударски концесии – 520 милиони денари за шест месеци

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигна рекордни 260.379.123,00 денари. Ова претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари.

 

Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, што е повеќе од двојно во споредба со 110.576.324 денари во првиот квартал од 2024 година. Збирно, за првите шест месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 500.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси на Република Македонија.

 

Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што се ште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот. 

Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:

  • Засилени инспекциски контроли: Редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски.
  • Писмени опомени и санкции: Испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите. Во тек се постапки за раскин на уште десетина договори.
  • Нов Тарифник од 1 јануари 2025: Воведен е нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100%, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси. Клучните измени вклучуваат:
    • Зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30%.
    • Надоместок за експлоатација на мермер: 5% од приходот од продадената суровина.
    • Зголемување на надоместокот за метални минерални суровини од 2% на 4%.
    • Просечно зголемување над 100% за неметалични минерални суровини.

Овие измени не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

Поголеми буџети за општините и одржлив развој
Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Овие средства се инвестираат во:

  • Изградба и одржување на комунална инфраструктура.
  • Проекти за енергетска транзиција и одржлив развој.
  • Иницијативи за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.

Европа

Кошта: Време е Западен Балкан да ја избере Европа

Земјите од Западниот Балкан стојат пред судбоносна одлука: продолжување по патот на старите поделби или храбар исчекор кон заедничка европска иднина. Оваа силна порака ја упати претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по завршувањето на самитот ЕУ–Западен Балкан, нагласувајќи дека регионот повеќе нема простор за одлагање и двоумење.

„Покрај сите технички аспекти на процесот, суштината е во еден длабок политички избор – избор помеѓу минатото и иднината, помеѓу поделбите и помирувањето, помеѓу изолацијата и соработката. Токму овие вредности се темелите врз кои е изградена Европската Унија“, порача Коста во официјалното соопштение.

Тој нагласи дека процесот на проширување во моментов се движи со динамика каква што не била видена во последните 15 години и дека регионот мора да ја искористи оваа ретка можност. Проширувањето, подвлече Коста, не е трка меѓу земјите кандидати, туку процес заснован на индивидуални заслуги и реформи.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека проширувањето повторно е на агендата на Унијата. „За првпат по повеќе од една деценија, проширувањето стана реална и опиплива перспектива“, изјави таа, пофалувајќи го „импресивниот напредок“ на Црна Гора и Албанија, кои, според неа, стануваат позитивен пример за целиот регион.

Во своето обраќање, Кошта ги спомена сите земји од Западен Балкан, со исклучок на Србија, откако нејзиниот претседател Александар Вучиќ одлучи да не присуствува на самитот.

Тој повторно го нагласи забрзаниот напредок на Црна Гора и Албанија и изрази очекување дека Македонија би можела да направи значаен исчекор веќе следната година. За Босна и Херцеговина, Коста оцени дека усвојувањето на реформската агенда оваа година е клучен сигнал и неопходен предуслов за вклучување во Планот за раст, што би ѝ овозможило на земјата целосно да ја искористи поддршката од ЕУ и постепено да се интегрира во европските политики.

Што се однесува до Косово, Коста ги поздрави чекорите за градење доверба меѓу заедниците, истакнувајќи дека претстојните парламентарни избори ќе бидат пресуден момент – не само за зацврстување на реформите, туку и за посериозен и поконструктивен ангажман на европскиот пат.

Continue Reading

Европа

ЕУ ги заострува правилата: Нов режим за депортација на азиланти во трети земји

Европската Унија направи значаен чекор кон построга миграциска политика. Претставниците на земјите-членки и Европскиот парламент рано утринава постигнаа политички договор за нов сет правила со кои драстично се проширува можноста барателите на азил да бидат упатувани во таканаречени „безбедни трети земји“.

Со договорот им се отвора пат на земјите-членки да депортираат баратели на азил во држави надвор од ЕУ што се сметаат за безбедни – дури и во случаи кога лицата немаат никаква претходна поврзаност со тие земји. Доволно ќе биде да постои договор или друг формален аранжман меѓу конкретната членка на ЕУ и третата земја.

Досега, европските правила бараа барателот на азил да има „тесна врска“ со земјата во која се испраќа, како семејни односи или подолг престој во минатото. Со новите правила, таа обврска се укинува за повеќето случаи, што значи дека луѓето може да бидат испратени во држави во кои никогаш не биле и со кои немаат културни, социјални или семејни врски.

Исклучок остануваат малолетниците без придружба. За нив, условот за постоење реална врска со земјата во која би биле депортирани ќе продолжи да важи, како што бараа земјите-членки.

Иако договорот сè уште треба формално да биде усвоен за да стапи на сила, тоа се смета за чиста процедура, бидејќи преговарачите веќе постигнале компромис, наведува ДПА.

Европскиот парламент го расчисти патот за преговори вчера, откако предлогот доби поддршка од десничарско мнозинство. Клучните гласови „за“ дојдоа од пратениците на десниот центар и од крајната десница.

Прашањето дали е потребна лична или правна врска со „безбедна трета земја“ беше тема и во минатогодишните преговори за реформата на Заедничкиот европски систем за азил (CEAS). Тогаш беше договорено условот да остане, но и да биде преиспитан по одреден временски период.

Данскиот министер за имиграција, Расмус Стоклунд, ја оправда потребата од построги мерки со хуманитарни аргументи. „Илјадници мигранти се дават во Средоземното Море или стануваат жртви на шверцери на луѓе кои се богатат на нивна мака“, изјави тој. „Од суштинско значење е да се справиме со факторите што го поттикнуваат овој нездрав и нехуман систем“, пренесе ДПА.

Continue Reading

Европа

Орбан стави вето: Советот на ЕУ не може да донесе заклучоци за земјите-кандидатки

Европската интеграција се соочи со нов ѕид. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги блокираше заклучоците на Советот на ЕУ за земјите-кандидатки, оставајќи ја Унијата без заедничка стратегија за проширување во пресрет на клучниот самит на 18 и 19 декември.

Наместо консензус од сите 27 членки, Брисел е принуден на „план Б“: заклучоците се претвораат во документ на данското Претседателство со поддршка на останатите 26 држави.

„Унгарија стои на патот. Сакаме кандидатите да ја изберат Европа, а не Русија, но Будимпешта испраќа погрешен сигнал“, децидна е данската министерка Мари Бер.

И покрај блокадата од Орбан, нацрт-документот за Македонија содржи јасни и строги пораки. Брисел останува на „црвената линија“: нема нова меѓувладина конференција без уставни измени.

Клучните точки од извештајот за Скопје:

  • Условот останува ист: Штом се внесат Бугарите во Уставот, првиот кластер се отвора експресно, без дополнителни политички одлуки.

  • Реформи во „слободен пад“: ЕУ алармира за нула напредок во владеењето на правото во изминатата година.

  • Судство под лупа: Се бара итна независност на Судскиот совет и вистинска борба против корупцијата на високо ниво, а не само декларативни заложби.

  • Добрососедство: Договорите со Грција (Преспа) и Бугарија мора да се спроведуваат со „добра волја“.

Додека Македонија чека уставни промени, Брисел веќе формира работна група за нацрт-договорот за пристапување на Црна Гора. Истовремено, и покрај унгарскиот отпор, Унијата подготвува терен за интеграција на Украина и Молдавија, обидувајќи се да го неутрализира руското влијание во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг