Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

5 рани предупредувачки знаци на смртоносен инфаркт: Ова не смеете да го игнорирате

by Уредник
19.07.2025
in Uncategorized
5 рани предупредувачки знаци на смртоносен инфаркт: Ова не смеете да го игнорирате

Голем број симптоми можат да го најават срцевиот удар и да укажат дека пациентот е во сериозна, потенцијално фатална состојба. Токму затоа е од клучно значење овие знаци да се препознаат навреме.

Според данска студија спроведена врз пациенти кои доживеале срцев удар надвор од болничка установа во периодот од 2016 до 2018 година, еден од десет лица повикал итна медицинска помош во рок од 24 часа пред да настане кардијалниот застој. Најчестите симптоми биле:

Отежнато дишење

Конфузија

Несвестица

Болка во градите

Нагло бледило на лицето

Просечната возраст на пациентите била 74 години, а најголем дел биле мажи (59,9%).

Д-р Филип Гнесин од болницата во Северен Зеланд, Данска, кој ја предводел студијата, вели:

„Проблемите со дишењето почесто му претходеа на срцевиот удар отколку болката во градите. Но, бидејќи оваа симптоматика е карактеристична и за други болести, многу пациенти и диспечери ја потценуваат сериозноста.“

Истражувањето покажа дека токму пациентите кои се жалеле на отежнато дишење почесто умирале во рок од 30 дена по срцевиот удар, особено ако не им било укажано навремена медицинска помош.

„Сакаме да ја зголемиме свеста дека иако болката во градите е алармантен симптом, отежнатото дишење исто така е клучен и прв показател на срцев удар“, додава д-р Гнесин. „Ова сознание може да придонесе за побрза реакција, подобра дијагностика и спасување на човечки животи.“

Што е срцев удар?

Кардиопулмонален застој, познат како срцев удар, се случува кога срцето престанува да пумпа крв. Човек што го доживува, губи свест и има невообичаено, често плитко дишење.

Што да направите?

Ако некој покрај вас има проблем со дишењето, се жали на болка во градите, делува конфузно или се онесвести – веднаш повикајте брза помош на 112. Секоја секунда е драгоцена и може да направи разлика помеѓу живот и смрт.

Next Post
Избрани од небото: Овие три хороскопски знаци имаат најсилна ангелска заштита и секогаш се чекор пред среќата

Избрани од небото: Овие три хороскопски знаци имаат најсилна ангелска заштита и секогаш се чекор пред среќата

Само шест американски конгресмени гласале против 500 милиони долари за израелскиот ракетен програм

Само шест американски конгресмени гласале против 500 милиони долари за израелскиот ракетен програм

Препорачани Вести

Драма во Град Скопје, летаат оставки и деманти

11 months ago
Дали Русија ќе донесе неочекувана одлука? Се појавија нови информации за мировниот договор

Дали Русија ќе донесе неочекувана одлука? Се појавија нови информации за мировниот договор

2 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.