Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

БЕСПЛАТНИ ПАТАРИНИ ЗА ДОНОРИ И ПРИМАТЕЛИ НА ОРГАНИ – Се менува начинот на плаќање со M-TAG!

by Уредник
20.07.2025
in Uncategorized

Собранието ги усвои измените на Законот за јавни патишта, со кои граѓаните кои донирале органи или им е извршена трансплантација ќе бидат целосно ослободени од плаќање патарини. Оваа новина доаѓа како дел од поширока иницијатива за подобрување на условите за лица со здравствени предизвици и поттикнување на донорството.

„Оние на кои им се трансплантирани и донирани органи и ткива, како и донорите, отсега ќе бидат ослободени од плаќање. Тие се приклучуваат кон другите категории кои веќе имаат право на бесплатен премин“, изјави пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, законот воведува и значајни новини во начинот на плаќање патарини. Граѓаните отсега ќе можат да плаќаат со M-TAG и M-картичка, независно од мобилниот оператор. Покрај патарините, уредите и картичките ќе може да се дополнуваат и преку интернет, како и преку фактури за правни лица.

Според податоците од ЈП Државни патишта, заклучно со 25 јуни годинава:

Продадени се 44.208 M-TAG уреди Продадени се 216.744 M-картички Од вкупниот сообраќај, 33,5% од возилата користеле електронско плаќање (17,4% со M-TAG и 15,9% со M-картичка)

Се укинува и обврската возачите да ги чуваат фискалните сметки за патарина во возилото, што беше задолжително до сега.

Исто така, општините ќе добијат поголеми овластувања – ќе можат да поставуваат ограничувања на брзината во чувствителни зони, особено околу училишта и места каде често се движат деца.

Ова се првите поголеми измени во законот по неколку години, со цел поедноставување на системот и стимулирање на дигитализацијата во сообраќајната инфраструктура.

Next Post

Крваво мафијашко разбудување: Црна Гора пред вонредна состојба – Милатовиќ свика итна седница по убиствата!

Кире Михаилов заминува на пауза по херојската борба со огнената стихија: „Не жалам што сум овде, жалам што огнот излезе од контрола“

Препорачани Вести

Мицкоски: Дискотеката имала лажна лиценца издадена во март 2024 година

11 months ago
Ли: Северна и Јужна Кореја се во „многу опасна ситуација“

Ли: Северна и Јужна Кореја се во „многу опасна ситуација“

2 months ago

Популарни Вести

  • Сомнение за даночно затајување: Фирма и двајца управители во Струмица пред обвинителство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Храбри одлуки за стабилни јавни претпријатија и развој на Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобил со намера удри во синагога во Бруклин, уапсен возачот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 24Инфо: Финансиска полиција со кривична пријава за првиот регулатор Бислимовски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нелегални тутунски производи вредни 1,8 милиони денари откриени во малопродажба во Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.