Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Историски подвиг: Д-р Сашко Кедев – првиот Македонец што ги освои сите 14 осумилјадници и врвовите на сите континенти

by Уредник
20.07.2025
in Uncategorized

Македонскиот алпинист и кардиохирург д-р Сашко Кедев испиша нова страница во историјата на македонскиот спорт и планинарство. Утрово, како дел од меѓународниот тим предводен од „Имеџин Непал“, тој успешно го искачи Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан, со што стана првиот Македонец – и единствен во поширокиот регион – кој ги искачил сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри.

Со ова искачување, д-р Кедев го комплетираше најелитниот список во светот на алпинизмот – сите осумилјадници, но и дополнително се вбројува меѓу ретките светски алпинисти кои ги имаат искачено и највисоките врвови на сите седум континенти (т.н. 7 Summits).

Во експедицијата на Гашербрум I учествуваа и Ванг Жонг од Кина, како и искусните непалски алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.

„Со ова успешно искачување, д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!“, соопштија од тимот на „Имеџин Непал“.

Д-р Кедев не само што е пионер во македонското алпинизам, туку и инспирација за цела генерација млади кои веруваат дека со упорност, посветеност и љубов кон планината – сè е возможно.

Next Post

Пожарот во Желино под контрола: Брза интервенција со авионска поддршка и координирана акција на сите служби

Зеленски предлага нови мировни преговори со Русија следната недела

Препорачани Вести

Државниот инспекторат нареди рушење на бесправните објекти на аеродромот Стенковец

4 months ago
Нетанјаху се огласи за смртта на папата после неколку дена молчење

Нетанјаху се огласи за смртта на папата после неколку дена молчење

9 months ago

Популарни Вести

  • iran

    Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.