Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Стапува во сила новата туристичка такса во Грција

by Уредник
21.07.2025
in Uncategorized

Од денеска, сите туристи што ќе пристигнуваат со крузери во Грција ќе мора да платат нова пристанишна такса, која важи за сите патници што со крстарење влегуваат во земјата. Мерката, изгласана минатата година, стапи во сила на 21 јули и предвидува различни износи во зависност од сезоната и дестинацијата.

Најскапо ќе биде на најпознатите грчки острови – Миконос и Санторини, каде што од 1 јуни до 30 септември, таксата ќе изнесува 20 евра по патник. За останатите грчки пристаништа, таксата во истиот период е пет евра.

Во останатите месеци, износите се намалуваат:

Од април до мај и во октомври: 12 евра за Миконос и Санторини, три евра за другите дестинации. Од ноември до крајот на март: четири евра за Миконос и Санторини и едно евро за останатите пристаништа.

Грчките власти проценуваат дека оваа мерка ќе донесе околу 50 милиони евра годишно во буџетот, средства што ќе бидат распределени до општините, како и до Министерствата за поморство и туризам. Целта е вложување во унапредување на туристичката инфраструктура и одржлив развој на пристанишниот туризам.

Оваа нова такса се воведува во контекст на растечкиот број туристи што пристигнуваат со крузери, особено на пренатрупаните острови каде инфраструктурата е под сè поголем притисок.

Next Post
Тринаесетгодишно девојче претепано од таткото и братот – заврши во болница

Тепачка во тетовско: Повратник претепан од соседот

Меџити најавува жестока трка во Чаир: Ако ДУИ настапи со Бујар Османи, ВЛЕН ќе одговори со фигура од ист калибар

Препорачани Вести

Поранешен украински генерал со предупредување до НАТО

Странски борци во Украина: Русија ги измами и принуди да се борат

2 months ago
Украинската армија против едномесечен прекин на огнот

Руски војници масовно се заразуваат со смртоносен вирус: „Последиците ќе траат долго по крајот на војната“

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.