Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нови израелски напади во Појасот Газа – најмалку 15 загинати и десетици повредени

by Уредник
22.07.2025
in Uncategorized
Нови израелски напади во Појасот Газа – најмалку 15 загинати и десетици повредени

Најмалку 15 лица ги загубија животите во нов бран израелски воздушни напади врз централниот и северниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска Цивилната одбрана на палестинската територија.

Портпаролот на оваа служба информираше дека еден од најтешко погодените цели бил бегалскиот камп Ал-Шати, сместен на медитеранскиот брег, каде што повеќе од 50 лица се здобиле со повреди. Во кампот, кој беше сметан за релативно безбедна зона, во текот на војната се сместија илјадници внатрешно раселени Палестинци, многумина од нив живеат во шатори.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека во моментот на нападот во кампот се наоѓале меѓу 50.000 и 80.000 лица.

Сведоци јавуваат за голем облак чад над градот Деир-ал-Балах, во централниот дел на Газа, каде што израелската војска издаде наредба за итна евакуација на цивилите.

Според последниот извештај на OCHA, речиси 88 отсто од територијата на Појасот Газа сега е или под израелска наредба за евакуација, или се наоѓа во рамки на милитаризирана зона под директна контрола на израелската армија.

Хуманитарната состојба на теренот е сѐ покритична, додека борбите продолжуваат и натаму без најава за прекин.

Next Post

Асфалтирање нова улица во Жилче – продолжува инфраструктурната офанзива во Јегуновце

На територија на Република Македонија денес до 13:00 часот регистрирани вкупно 15 пожари, 7 од нив се уште активни

На територија на Република Македонија денес до 13:00 часот регистрирани вкупно 15 пожари, 7 од нив се уште активни

Препорачани Вести

Јуни – најсмртоносен месец за израелската војска во 2025 година

Јуни – најсмртоносен месец за израелската војска во 2025 година

7 months ago
trump rute

Руте и Трамп разговараа за Гренланд, но патот до договорот е сеуште долг

7 days ago

Популарни Вести

  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.