Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Родителите на македонскиот цар Самуил се погребани во старата преспанска црква „Свети Герман“

by Уредник
22.07.2025
in Uncategorized
Родителите на македонскиот цар Самуил се погребани во старата преспанска црква „Свети Герман“

Герман“ најверојатно е градена на крајот од 10 или почетокот на 11 век. Се верува дека црквата и селото се наречени во чест на охридскиот патријарх Герман, поглавар на македонската црква за време на цар Самуил кон крајот на 10 век.

Во 1743 г. грчкото свештенство поставило натпис дека таа е посветена на цариградскиот патријарх Герман Први од 8 век, но стручњаците тврдат дека тие ги помешале личностите или, пак, се работи за намерно подметнување. Во 1888 г. во црквата е пронајден надгробниот натпис на родителите и на братот на Цар Самуил, пишува Нова Македонија.

Црквата е крстовиден куполен храм со три апсиди во обликот „впишан крст“ од провинцијален тип, без предапсиден простор со припрата. Има коморни димензии од 9 × 14 м. Куполата е висока 11 м и има облик на цилиндричен барабан носен на четири столба. Денес во храмот се влегува преку два влеза.

Изворно влезот бил од западната страна, која водела од припратата на храмот кон новата црква. Имало и друг влез, кој е заѕидан во 1743 г., и наместо него е пробиен мал втор влез, исто така од југ. Прозорците се тесни и високи – два на челата на трансептот, еден на средишната апсида и четири во куполниот барабан, насочени кон страните на светот. Храмот низ вековите претрпел многу ремонти и правени се поситни преправки како затворањето на првобитниот влез и менувањето на положбата на владичкиот престол, изградбата на ѓаконик, промените во надворешните ѕидови на храмот и промените во подот.

Градежот е мешовит, од камен и тула, но наместа не е правилен. Камењата се наизменично наредени со појаси од тула и групи просеани меѓупросторни тули во вертикални фуги, а отворите се украсно врамени со тулен материјал наедно со конструктивна функција.

Прочитај го целиот текст на Нова Македонија 

Next Post
Нов кошмар за Зеленски: Руските сили влегоа во Покровск – спречена огромна катастрофа!

Нов кошмар за Зеленски: Руските сили влегоа во Покровск - спречена огромна катастрофа!

Трамп се закани: Доколку е потребно, ќе ги бомбардира повторно!

Трамп се закани: Доколку е потребно, ќе ги бомбардира повторно!

Препорачани Вести

Ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции во регионот, најави Мицкоски

11 months ago
Иран најави продолжување на програмата за збогатување на ураниум – и покрај нападите и притисоците

Иран најави продолжување на програмата за збогатување на ураниум – и покрај нападите и притисоците

6 months ago

Популарни Вести

  • Дивоградба на државно земјиште без одобрение – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор Муцунски–Кос: Решенија за транспортните оператори и напредок во евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.