Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Сè повеќе француски градови воведуваат полициски час за деца: „Ситуацијата е неодржлива“

by Уредник
22.07.2025
in Uncategorized

Францускиот град Ним, на југот на земјата, е последниот што воведе полициски час за малолетници, откако насилството на улиците зема замав. Мерката, која важи за деца под 16 години, е на сила од 21:00 до 06:00 часот, а властите тврдат дека целта е да се спречи нивната изложеност на насилство и да се намали уличната тензија.

Одлуката доаѓа по неколку вооружени инциденти изминатиот месец, од кои еден усред бел ден, а резултираа со едно загинато лице и неколку повредени. Минатата недела, на периферијата на Ним беше пронајдено делумно изгорено тело на 19-годишен маж, што дополнително ја вознемири јавноста.

Градоначалникот Жан-Пол Форние изјави дека ситуацијата станала неодржлива, а дилерите на дрога создаваат „клима на страв и терор“.

Заменик градоначалникот, Ришар Шевен, нагласи дека мерката има за цел да ги заштити децата кои не се дел од дрогашките кругови, но и оние на возраст од 12–13 години кои, според него, се злоупотребуваат од страна на криминалците.

Слични мерки веќе се применуваат и во други градови. Во Безие, полицискиот час за деца под 13 години важи од минатата година, а во март 2025 бил проширен и за лица под 15 години. „Ниту едно десетгодишно дете нема што да бара на улица во 2 часот по полноќ“, изјави градоначалникот Робер Менар уште во 2024 година.

Сепак, насилството не престанува. Во Безие, младинци со фантомки неодамна наместо полицијата и ја нападнаа со огномети, а слична сцена се случи и во Лимож, каде 100 лица учествуваа во масовно улично насилство. Градоначалникот Емил-Роже Ломберти призна дека полицискиот час „не даде резултати“ и побара зголемено полициско присуство.

Во Ним пред две години беше убиен 10-годишно дете, што предизвика јавен гнев, а најновите случувања укажуваат на ширење на дрогашкото насилство надвор од Марсеј, кој одамна е познат како центар на криминални банди.

Според Министерството за внатрешни работи, во 2024 година во Франција биле убиени 110 лица во насилства поврзани со дрога, а над 300 биле повредени.

Министерот за внатрешни работи Жерар Дарманен и министерот за правда Бруно Ретајо веќе започнаа жестока офанзива против нарко-картелите, вклучувајќи изградба на две затвори со максимална безбедност, специјализирани обвинителства и зголемени надлежности за истражителите.

Дарманен изјави дека 17 од најопасните дилери во Франција се веќе префрлени во затворот со највисоко обезбедување Vendin-le-Vieil на северот на земјата.

Next Post

Галеб го проби кокпитот на „Еврофајтер“ од 85 милиони евра – моментот фатен на неверојатна фотографија

Пекол во Албанија: Пожари горат се живо – стигнаа „канадери“, армијата на терен, има затруени пожарникари!

Препорачани Вести

Што ќе се случи доколку секојдневно ги “пукате” вашите прсти?

Што ќе се случи доколку секојдневно ги “пукате” вашите прсти?

10 months ago

Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

17 hours ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.