СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С. (24) од Сојузна Република Германија, под сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Како што информира полицијата, при рутинска контрола извршена во селото Теарце, општина Теарце, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле хашиш.
Дрогата била веднаш конфискувана, а лицето приведено за понатамошна постапка.
Случајот е предаден на надлежното обвинителство.







![ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/473995718_1308532236941904_2377622693071422955_n-424918.png)


