Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Во изминатото деноноќие 38 пожари на територија на Република Македонија – шест сè уште активни

by Уредник
22.07.2025
in Uncategorized
Десет пожари на отворено до пладне на територија на Република Македонија, пет сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во периодот од 21 до 22 јули 2025 година на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, шест се сè уште активни, пет се ставени под контрола, додека 27 се целосно изгаснати.

Меѓу активните пожари, најсериозни се оние што го зафатија поширокиот регион на Македонски Брод, каде што гори во селата Грешница, Локвица, Крапа и Латово. Се работи за пожари што опфаќаат деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација и сува трева. Сериозна е и состојбата во општина Василево, Радовиш и Берово – каде што гори во селата Нивичино, Мал Готен и во пределот на Малешевските планини. Таму се зафатени нискостеблести шуми, смрека и густа ниска вегетација.

Активни се и пожари во Прилеп – поточно меѓу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец, како и во Желино, каде што гори помеѓу селата Церово и Групчин.

Пожарите кои се под контрола се регистрирани во Ресен, Дојран, Велес, Гостивар и Прилеп. Најчесто се работи за запалена нискостеблеста или мешана шума, трска и ниска вегетација.

Во меѓувреме, успешно се изгаснати 27 пожари низ државата, најмногу од нив во Скопскиот, Пелагонискиот и Полошкиот регион. Се работи претежно за запалена сува трева, стрништа, грмушки, отпад или вегетација во близина на населени места, како што се селата Студеничани, Визбегово, Љубин, Трубарево, Тројаци, Горно Село, Дабиле, Прдејци, Оризари, Железница и други.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни при движење и престој во природа, особено во претпладневните и попладневните часови кога температурите се највисоки и опасноста од неконтролирано ширење на пожарите е значително зголемена.

Сите институции остануваат во состојба на зголемена подготвеност, а на терен се ангажирани припадници на противпожарните единици, шумската полиција и локалното население во координација со општинските штабови за заштита и спасување.

Next Post
Делови од Скопје речиси цел ден без струја: Проверете дали сте на списокот за исклучување

Делови од Скопје речиси цел ден без струја: Проверете дали сте на списокот за исклучување

Родителите на македонскиот цар Самуил се погребани во старата преспанска црква „Свети Герман“

Родителите на македонскиот цар Самуил се погребани во старата преспанска црква „Свети Герман“

Препорачани Вести

Што порача Макрон? Првата реакција од Франција по жестоката расправа во Белата куќа!

11 months ago
ЕУ не ја одобри исплатата на руските средства за Украина – нова расправа во декември

ЕУ не ја одобри исплатата на руските средства за Украина – нова расправа во декември

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.