Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

CNN објави досега невидени фотографии: Трамп во друштво со Џефри Епстин

by Уредник
23.07.2025
in Uncategorized
CNN објави досега невидени фотографии: Трамп во друштво со Џефри Епстин

Американската телевизија CNN објави ексклузивен извештај со архивски видео-снимки и фотографии на кои се гледа поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во друштво со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Станува збор за досега необјавени материјали што фрлаат ново светло врз нивната врска од 1990-тите години.

Меѓу објавените содржини се наоѓаат и фотографии од свадбата на Трамп со Марла Мејплс во 1993 година, одржана во хотелот Плаза во Њујорк, на кои се гледа присуството на Епстин. Исто така, CNN објави и видео-снимка од модна ревија на Victoria’s Secret од 1999 година, каде Трамп и Епстин се гледаат како разговараат и се смеат непосредно пред почетокот на настанот.

Оваа медиумска објава доаѓа во време кога се зголемува јавниот интерес и политичкиот притисок за појаснување на минатите релации помеѓу Трамп и Епстин. Американското Министерство за правда неодамна одлучи да ги задржи во тајност долгоочекуваните документи поврзани со истрагата за Епстин, што предизвика незадоволство дури и во редовите на поддржувачите на Трамповото движење „Да ја направиме Америка повторно голема“ (MAGA), кои очекуваа откривање на имињата на наводни соучесници.

На новинарско прашање од CNN за фотографиите од венчавката, Трамп наводно реагирал со зборовите: „Се шегувате?“ и веднаш потоа ја прекинал врската, нарекувајќи го медиумот „лажни вести“.

Се огласи и директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чеунг, кој ги отфрли инсинуациите:

„Станува збор за извадени кадри од безопасни снимки и фотографии од јавни настани на кои присуствувале многу луѓе. Сега тие се злоупотребуваат на одвратен начин за ширење на мрачни претпоставки“, изјави Чеунг.

Инаку, Џефри Епстин беше пронајден мртов во затворска ќелија во Њујорк во август 2019 година, додека го очекуваше судењето по обвиненија за трговија со малолетни лица. Иако официјално е прогласено дека се самоубил, голем број теоретичари на заговор ја доведуваат во прашање таа верзија, повикувајќи се на неговите блиски врски со бројни влијателни личности од светот на политиката, бизнисот и шоу-бизнисот.

Next Post
Рускиот претседател воопшто не е загрижен за заканите на Трамп?

Рускиот претседател воопшто не е загрижен за заканите на Трамп?

Продолжено затворањето на ул. „Широка“ во Битола до 31 јули 2025 година

Препорачани Вести

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни, сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

1 week ago

ВЛЕН открива: 450 илјади евра за сомнителен проект во Гостивар

4 weeks ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.