Saturday, December 27, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Илинденски денови во Битола: Најголем и најзначаен фестивал на народни песни и игри во Македонија

by
2025/07/23 23:06:33
in Uncategorized

Денес за утре“ е слоган и мото на најновото издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“- Битола, како аманет кој потсетува и поттикнува на собирање и пренесување на знаење за сопствениот народ и неговата култура во секој нејзин сегмент и облик. Годинава се навршуваат 55 години од постоењето на фестивалот по кој се препознава Битола.
„Илинденски денови“ започнува во Битола на 18 јули, завршува на 31 јули, спроти Илинден големиот празник на македонскиот народ, а на програмата ќе има повеќе од 70 фестивалски настани. Со над 1.300 учесници, 30 ансамбли од Македонија, како и гости од Швајцарија, Индонезија, Мексико, Грузија, Полска и Хрватска, фестивалот вклучува промоции, изложби, семинари, каравани, улични настапи и концерти, како и 4. издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, кој се одржува во рамките на Илинденски денови.

-Овој фестивал не е само обнова на традицијата, туку нејзино пренесување во иднината. Годинава имаме одличен број странски учесници и богат уметнички и едукативен програм, со кој Битола ја зацврстува својата позиција на мапата на светски фолклорни фестивали – истакна Влатко Илиевски, в.д. директор на Центарот за култура Битола.
„Илинденски денови“ не е само сценско-музичка презентација на ора и песни, туку е место кадешто новите генерации може да ги видат и научат автентичните ора, песни, игри, обичаи, такви какви што е поставени пред векови, вели Валентин Соклевски, уметнички раководител на фестивалот.

-И во тоа е големината и важноста на овој фестивал.
Традиционалното дефиле по Широк Сокак останува важен дел од атмосферата која го спојува локалното и глобалното. Но, фестивалот не е само сцена, тој е и простор за истражување, критичко мислење и наука.
-Фестивалот е жив доказ дека традицијата не е носталгија, туку динамичен културен процес. „Илинденски денови“ успеа да стане дел од светското семејство на CIOFF фестивали токму преку овој пристап – со поглед кон науката за фолклорот, сцената како простор, но и визијата кон иднината – нагласи Соклевски, човекот кој повеќе децении е координатор на овој голем фестивал.
Во рамки на фестивалот се одвива и Интернационалниот етнографски филмски фестивал, кој годинава бележи рекордна конкуренција – од 2.000 аплицирани филмови, селектирани се 31 документарно остварување од целиот свет. Овие филмови нудат културни прозорци кон ритуали, песни и живи традиции кои нè поврзуваат, но и различно нè дефинираат.

-Изборот на документарни филмови носи ретка можност, да се слушнат и видат приказни за ритуали, песни, традиции од далечни заедници. Публиката ќе ја почувствува духовната срж на културите кои личат, но и се разликуваат од нашата – изјави Тони Гламчевски, селектор на ИЕФФ.
Фестивалот не застанува на сценските настапи, тој гради мостови преку издавачки промоции, едукативни програми и семинари, на кои ќе се дискутира за иднината на културното наследство и неговото место во современиот свет.
-Ве поканувам на серија предавања, изложби, издавачки промоции и семинари што ќе ја објаснат и визуелизираат сложеноста на нашето културно наследство – и неговиот современ одек – рече м-р Љупка Стефановска, клучен дел од стручниот тим на фестивалот.
Оваа година, визуелниот идентитет на фестивалот е дело на младата уметница Јована Тодороска, инспириран од нејзината изложба „Половина сонце“ – каде сонцето се појавува како симбол на виталност, светлина и космички ред. Естетиката на Јована суптилно се прелева и во визуелната комуникација на фестивалот, правејќи го уште поавтентичен.

Едукативниот дел од фестивалот е показ за проширувањето на фестивалот. По 17. пат ќе се реалзиира Семинарот на традиционална музика и игра, веќе се отворени пријавувањата за работилниците и мастеркласовите кои се организираат во рамките на фестивалот.
Во прегледот на целосната програма којашто денеска беше презентирана, сите говорници ги потенцираа двата настани кои го отсликуваат мотото „Русалките во стрип“, делот од македонската и словенска митологија како нов формат на претставување на народната култура и „Војводите на Комитското “, изложба на фотографии од сите „војводи“ кои на отворањето на фестивалот „Илинденски денови“ го играле орото „Комитско“. Така ќе биде и годинава.   Текст Нова Македонија

Next Post

Експериментална mRNA вакцина ветува универзален одговор против рак

Авион со 50 патници исчезна над Русија, се води интензивна потрага

Препорачани Вести

Овие делови од Скопје утре ќе останат без струја

Утре дел од Тетово ќе биде без струја

4 months ago

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

9 months ago

Популарни Вести

  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силна зимска бура предизвика хаос во Шведска, десетици илјади без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со инвестиција од 46,6 милиони денари се обновува стадионот „Петар Милошевски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.