недела, февруари 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пријавени над 500 кандидати за гасење пожари

by Уредник
23.07.2025
in Некатегоризирано

Иако беа потребни 400 лица, на јавниот повик за ангажман во превенција и справување со пожари се пријавиле речиси 500 кандидати од целата држава. Повикот, кој официјално истекува денеска, покажа голем интерес на граѓаните, освен во Скопје, каде бројката остана под очекувањата.

„Во овој момент имаме нешто помалку од 500 пријавени кандидати на територија на државата. Нам ни беа потребни 400. За жал, бројката во Скопје е нешто помала, под 50, а очекувавме 80 лица“, изјави Стојанче Ангелов, досегашен директор на Дирекцијата за заштита и спасување на денешната прес-конференција.

Сите пријавени ќе бидат контактирани и повикани во локалните територијални противпожарни единици, каде ќе поминат најмалку дводневна обука. Во текот на обуката ќе се изврши селекција на најспособните, кои подоцна ќе имаат можност за вработување во единиците на противпожарната служба или во самата Дирекција.

„Најдобрите од овие лица понатаму ќе имаат можност да бидат вработени во локалните територијални противпожарни единици или во Дирекцијата за заштита и спасување, а најдобрите во текот на наредниот период во Единицата во рамки на ДЗС“, додаде Ангелов.

Новоформираната специјална единица ќе биде составена од физички подготвени млади луѓе, кои ќе работат на тешко достапни терени. За нив се предвидени повисоки плати од оние на стандардните пожарникари, со цел да се мотивираат и задржат во оваа ризична, но исклучително важна работа.

„Зборуваме за единица во која сите припадници би биле помлади и физички подготвени на едно сосема друго ниво за да можат да одговорат на најтешки и најсложени задачи“, истакна Ангелов.

Повикувањето и селекцијата на пријавените кандидати се очекува да заврши во следните неколку дена.

Next Post

Деца со алкохолно труење завршија на токсикологија – продавачката со кривична пријава

Едно лице загина во пожар во стан во Кичево

Пожар во куќа во Скопско – брза интервенција на пожарникарите

Препорачани Вести

Уште една држава во паника поради можно украинско сценарио

Уште една држава во паника поради можно украинско сценарио

8 месеци ago

Црвениот Geely Coolray и Дедо Мраз донесоа новогодишна магија

2 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) ПОЖАР ВО КИСЕЛА ВОДА: ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛО МЕЃУ ЗГРАДИТЕ ВО НАСЕЛБАТА РАСАДНИК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Детали за укинување на роамингот со ЕУ: Македонија ги носи законските измени за „Роаминг како дома“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Обид за кражба заврши фатално по разбојниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елмази и Хоџа на терен во Сарај: Сите служби мобилизирани по поплавите во Буковиќ и Семениште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Погледнете како музичарот Тајзи ја запроси својата девпјка на денот на виното и љубовта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.