Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со австрискиот амбасадор Мартин Памер

by Уредник
24.07.2025
in Uncategorized

Во Општина Кисела Вода се одржа средба помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Н.Е. Мартин Памер. Средбата се одвиваше во пријателска атмосфера и беше посветена на размена на идеи за унапредување на соработката и можностите за заедничко делување.

Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше амбасадорот за општите развојни насоки на Општина Кисела Вода, но и за пошироката слика од локалната самоуправа, зборувајќи од позиција на претседател на ЗЕЛС и пренесувајќи дел од искуствата и предизвиците со кои се соочуваат општините низ државата.-Имав чест да остварам средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер, со кој имавме искрен и продуктивен разговор за важноста на локалната власт како двигател на развојот.

Споделивме размислувања за значењето на соработката меѓу општините и дипломатските претставништва, која може да донесе нови перспективи и поддршка во процесите на модернизација и ефикасно управување. Го информирав за тековниот развоен импулс во Општина Кисела Вода, динамичните процеси на инфраструктурна обнова, унапредување на јавните услуги, инвестициите и потенцирав дека преку систематска работа, планирање и отвореност кон граѓаните, создадовме општина која постојано се менува на подобро.

За мене, секоја соработка со напредни европски држави како Австрија е можност да учиме, да пренесуваме добри практики и да создаваме подобра иднина за сите наши граѓани. Затоа верувам дека  и оваа средба претставува важен чекор кон воспоставување на конкретна и корисна соработка која ќе донесе реални придобивки за локалната заедница-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Next Post
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово

Кривична пријава против тројца службеници од Крива Паланка

Изби вооружен судир меѓу Тајланд и Камбоџа, Кина изрази длабока загриженост

Препорачани Вести

Евакуација во Арена Центар Загреб по дојава за бомба

8 months ago

Ѓорѓиевски и Мицкоски им посакаа среќа на првачињата во Кисела Вода

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.