Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кривични пријави за директорка на болница

by Уредник
25.07.2025
in Uncategorized
Газда на градежна фирма од Гостивар продал ист стан на двајца сограѓани

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против А.П. (68) од Битола за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против М.Д. (60) од Ресен за „злоупотреба на лични податоци“.

Според полицијата, А.П., во својство на директор на Јавната здравствена установа – Специјализирана болница Отешево, во периодот 2022–2023 година склучила три договори на дело со лице од Ресен за наводно ангажирање на градежни активности. Од нив, два договора самата ги потпишала, додека третиот бил потпишан од трето лице, иако ангажираното лице никогаш не било присутно ниту работело во установата.

И покрај тоа, А.П. со својот службен токен одобрила и потпишала налози за исплата во вкупен износ од 145.904 денари од жиро-сметката на установата, со што му нанела штета на Министерството за здравство.

Истовремено, М.Д., како правник и советник за човечки ресурси, ги изготвила трите договори на дело без согласност од лицето, искористувајќи ги неговите лични податоци и број на трансакциска сметка. Со тоа, преку исплата на средства за фиктивно извршени услуги, на болницата ѝ била нанесена материјална штета во истиот износ.

Против двете лица се води постапка за утврдување на кривична одговорност.

Next Post

Хрватска и останатите ЕУ земји ќе воведат влезна такса од 20 евра за патници надвор од ЕУ

Дали се ова најлошите вести за Украина и Зеленски? Новиот руски напад откри застрашувачки податоци

Зеленски: Украина масовно се наоружува

Препорачани Вести

Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола со музичко патување околу светот

Тања Царовска и Камерниот оркестар Битола со музичко патување околу светот

2 months ago
sobranie

Законот за системот „Safe City“ усвоен на денешната собраниска седница

1 week ago

Популарни Вести

  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО: Мицкоски на Тетовското Кале по повод Св. Атанасиј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се шири измама со „непреземени пакети“ од Тему во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.