Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

САД ја осудија најавата на Макрон за признавање на Палестина: „Ова е удар врз жртвите од 7 октомври“

by Уредник
25.07.2025
in Uncategorized

Вашингтон остро реагираше на најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Франција ќе ја признае Државата Палестина за време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември. Американскиот државен секретар Марко Рубио во објава на социјалната мрежа X оцени дека овој потег е „невнимателна одлука што ѝ служи само на пропагандата на Хамас и го кочи процесот на мир“.

„Ова е шлаканица во лице за жртвите на масакрот од 7 октомври“, напиша Рубио, алудирајќи на нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа над 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.

Изјавата на Макрон, објавена синоќа, предизвика силни политички и дипломатски реакции. Тој рече дека признавањето на Палестина е „во функција на праведен и траен мир на Блискиот Исток“, и најави дека формалната изјава ќе ја даде на собранието на ОН.

Француската одлука доаѓа во чувствителен момент кога регионот се уште е длабоко потресен од последиците на војната меѓу Израел и Хамас. САД, како главен сојузник на Израел, се противат на еднострани чекори во однос на палестинската државност, сметајќи дека тие треба да произлезат од директни преговори меѓу страните.

Next Post

АЛАРМАНТНО: 33 пожари на отворено – 7 активни, огнот беснее во Радовиш, Берово и Прилеп

Газда на градежна фирма од Гостивар продал ист стан на двајца сограѓани

Кривични пријави за директорка на болница

Препорачани Вести

ЕУ ги замрзна руските пари – Каква ќе биде ракцијата на Москва?

2 months ago

Меџити со младите од Чаир: Времето на младите дојде, вие треба да ја водите државата

6 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.